Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија изгубила 11,4 отсто од населението од 2011 година, најмногу во Европа по Албанија и Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија изгубила 11,4 отсто од населението од 2011 година, најмногу во Европа по Албанија и Бугарија
МАКЕДОНИЈА

Македонија изгубила 11,4 отсто од населението од 2011 година, најмногу во Европа по Албанија и Бугарија

Објавено July 14, 2025 18:50
Сподели
Сподели

Македонија изгубила 11,4 отсто од населението во споредба со  2011 година, најмногу во Европа по Албанија и Бугарија, покажуваат податоците на Евростат. Зад Македонија се Босна и Херцеговина и Хрватска.

Населението на Албанија е намалено за 18 проценти на крајот на 2024 година, споредено со бројот во 2011 година. Во предметните периоди, кога се спроведени пописите на населението, во земјата бројот на населението се намалил за над 500 илјади жители, објави еуроњуз.ал (euronews.al).

Според Европската статистичка агенција, Евростат, овој процентен пад е највисок во Европа, а по Албанија следува Бугарија, која изгубила 12,3 отсто од своето население во текот на изминатата деценија, па Македонија со 11,4 проценти.

Во регионот, речиси сите земји се зафатени со бран на емиграција, а земја што успеала да го задржи своето население речиси непроменето е Црна Гора, која бележи зголемување од 0,6 отсто.

-Во Албанија, големиот пад на населението е поврзан со два фактора, природната миграција, која доживеа нов бран по 2016 година, главно од младата популација, и падот на наталитетот, додава телевизијата.

Земјите од Западна Европа, успеаја да го зголемат своето население како резултат на агресивните имиграциски политики како решение за надминување на демографските проблеми што произлегуваат од стареењето на населението и намалувањето на стапката на наталитет. Во меѓувреме, еврозоната го зголемила своето население за 3,2 посто од 2011 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Македонија е мета на странски влијанија
Следна Статија За џабе се трошат пари за скрининзи за рана детекција на рак на дојка и на грло на матка- Резулатите многу доцнат или ги нема

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе воведува вештачка интелигенција во образованието

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Европратеник на Орбан го блокираше бугарскиот шовинистички амандман за „модерен“ македонски јазик!

Бугарските медиуми известуваат денес на гласањето во Европскиот парламент унгарски европарламентарец го оспорил новоподнесениот амандман од ЕПП за „модерен“ (или…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијка од Велес времено ќе суди во Кочани поради зголемениот обем на работа

Со одлука на Судскиот совет, судијката Емине Калач од Основниот суд Велес, ќе биде времено делегирана во Судот во Кочани…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам да прогласиме уште една историска победа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го оствари своето право на глас на локалните избори. -Од информациите со коишто до…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?