Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
ЕКОНОМИЈА

Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк

Објавено July 15, 2025 19:33
Сподели
Сподели

Владата на денешната седница ја усвои Информација за отпочнување активности за основање Мултифункционален научно-технолошки парк, чија цел е поттикнување постојан раст преку вклучување на знаење, иновации и технологија за создавање производи и услуги со висока додадена вредност, конкурентни на меѓународните и домашните пазари.

Како што информира владината прес-служба, согласно претходно направената анализа е утврдено дека техничкиот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје нуди идеална локација за сите аспекти – интеграција со академската средина, од аспект на трансфер и комерцијализација на знаењето, инфраструктурна пристапност и поврзување (патна инфраструктура автобуски и железнички линии, автопат и аеродром), како и поголема можност за привлекување компании, инвеститори и стартапи создавајќи центар за вмрежување и регионален развој.

Предвидено е паркот да се состои од зграда или комплекс згради со современа електрична и телекомуникациска инфраструктура, како и со ефективен и флексибилен работен простор.

Владата, на предлог на Министерството за транспорт, ја разгледа и усвои Информацијата за отпочнување со реализација на неколку улици во Општина Гевгелија. Тоа се: реконструкција на главна улица во село Моин, реконструкција на улица „Атанас Ѓуров“ во село Прдејци и реконструкција на улица „Иван Марков Братот“ Богородица, како и проектот: Изградба на водоснабдителен систем во село Љубанци и село Љуботен во Општина Бутел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кабинетот на Гаши: Потпишана е одлуката за оглас за нов Народен правобранител
Следна Статија Западот сака да го земе српскиот литиум, затоа организира шарена револуција во стилот на Мајдан, предупредува бизнис советникот на најмоќните луѓе во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Евростат: Во Македонија има најевтина храна од цела Европа!

Цените на храната во Македонија се најниски од цела Европа! Разликите во цените на храната во Европа се големи, а…

December 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола

Српската Алта Банка и официјално може да настапи со понуда за купување на Стопанска банка Битола, по цена за акција…

September 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Околу 3.000 даночни обврзници немаат платено данок по ДПД-ГДП за 2024

Околу 3.000 даночни обврзници ја немаат подмирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава.…

July 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано

Министерот за транспорт Александар Николоски информира дека новата линија Базел-Охрид страртува четири месеци порано. -Продолжуваат убавите вести во авиосообраќајот. Новата линија…

May 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?