Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кубилиус: Историските спорови не треба да се решаваат со блокирање на кандидатите за членство во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кубилиус: Историските спорови не треба да се решаваат со блокирање на кандидатите за членство во ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Кубилиус: Историските спорови не треба да се решаваат со блокирање на кандидатите за членство во ЕУ

Објавено July 17, 2025 08:57
Сподели
Сподели

Неприфатливо е билатералните спорови да се користат за блокирање на пристапните преговорите на земјите кандидати за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус во обраќањето на панелот „Обезбедување на демократиите преку зајакнување: Одбрана, отпорност и подготвеност“ на 107-от Рос-Рот семинар во Брисел, во одговор на прашање на македонскиот пратеникот Драган Ковачки. 

Кубелиус нагласи дека тој како еврокомесар за одбрана не е директно вклучен во пристапниот процес, но дека додека бил европратеник заедно со хрватскиот колега Тонино Пицула изработиле Извештајот за стратегијата за проширување на ЕУ во која потенцирале два клучни аспекти.  

– Прво, наведовме оти очекуваме дека проширувањето треба да заврши до 2030 година, што мислам дека е реално, и второ, наведовме дека е целосно неприфатливо земји кои се членки на ЕУ да се обидуваат да ги решат своите проблеми, што би ги нарекол историските спорови, со блокирање на преговорите на земјите кандидати. Нашиот предлог беше многу едноставен – тие спорови да се решаваат на поинаков начин, не со блокирање на преговорите. За жал, тоа е случај тука и би рекол дека не е фер кон нашите земји кандидати, рече Кубилиус. 

Тој нагласи дека кога земјите од Централна и Источна Европа беа кандидати за членство во ЕУ никој од Западот не го блокираше нивниот пристап, иако можеше, па жално е што сега токму членките на Унијата од тој регион го блокираа процесот на проширување. 

– Мислам дека навистина не е фер сега да имаме такво однесување од земјите членки од Централна и Источна Европа, рече Кубилиус. 

Ковачки во прашањето до Кубилиус посочи дека земјава како членка на НАТО лично останува убедена дека интеграцијата во Европската Унија е вистинскиот пат и наша стратешка определба, но дека се соочува со пречки на патот кон членство во ЕУ, поставени од сојузничка држава, која е и членка на Унијата.  

Според него, постои реален ризик ваквите застои во процесот на проширување да бидат искористени од трети страни за остварување на нивите интереси, кои се различни од интересите на НАТО и ЕУ.  

– Оваа загриженост произлегува од гласањето за отстранување на референците за македонскиот идентитет и јазик од Извештајот на Европскиот парламент, чекор што сериозно ја поткопа довербата што внимателно ја градевме со години. Верувам дека довербата е основа на секое партнерство, сојуз и пријателство, рече Ковачки. 

Тој нагласи дека со усвојувањето на амандманите за бришење на референците за македонскиот идентитет и јазик од Извештајот се нарушени принципите на еднаквост и меѓусебно почитување, со што се поткопува основата на соработката и довербата меѓу сојузниците. 

– За да се врати довербата, потребно е меѓусебно почитување. Ние како земја остануваме целосно посветени на полноправно членство во ЕУ, но исто така неопходни се и искрени напори од нашите партнери за да ја зајакнеме нашата доверба и да ги зачуваме принципите на еднаквост и почитување во кои сите веруваме, рече Ковачки.  

Според него, долгорочната стабилност и интеграција се можни само ако се демонстрира политичка зрелост, бидејќи во спротивно ризикуваме не само стагнација, туку и ерозија на довербата и создавање простор за дејствување на злонамерни актери кои можат да влијаат на стабилноста и безбедноста. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За помалку од милион евра се продаде атрактивното земјиште на Мијалков во Гевгелија
Следна Статија (Видео) 50 загинати во пожар во трговски центар во Ирак

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против поранешната министерка за култура за Универзална сала

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во ракетен напад погодена Амбасадата на Македонија во Киев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Воедно, информираме…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Денес се прославува Вознесение Христово – Спасовден

Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Животот нема цена: На матурска вечер без автомобил!

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во рамки на кампањите за зголемување на безбедноста во сообраќајот, започна…

April 28, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?