Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Градоначалниците или ќе го реализираат ветеното или предвреме да бидат отповикани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: Градоначалниците или ќе го реализираат ветеното или предвреме да бидат отповикани
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Градоначалниците или ќе го реализираат ветеното или предвреме да бидат отповикани

Објавено October 9, 2024 22:40
Сподели
Сподели

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски учествуваше на панел-дискусијата ,,Гласот на граѓаните: Отповикување на градоначалникот како алатка за локална демократија”, во организација на Либералниот институт Скопје, на која говореа и Ристо Пенов, Никола Пановски и Висар Ганиу.

Ѓорѓиевски истакна дека имајќи го во предвид фактот дека сеуште зборуваме за населени места каде треба да се градат фекални и атмосферски канализации, како и целокупниот хаос во градот Скопје, можеме да заклучиме дека во изминативе 30-тина години имало и сеуште има градоначалници кои својот мандат го поминуваат во хибернација, и токму затоа ова мора да биде променето со законски измени за предвремено отповикување на одреден градоначалник.

-Многу пати нашите граѓани биле изманипулирани, ветувајќи им одредена реализација на програма од страна на некој функционер, и кај градоначалниците по нивниот избор согласно актуелната законска регулатива не може да понесат одговорност за работата за која се избрани. Се произлегува од волјата на граѓаните, и се може да заврши со волјата на граѓаните. Затоа секој градоначалник откако ќе биде избран, уште од првиот ден треба да биде свесен дека многу порано од истекот на мандатот може да биде отповикан. Затоа ние како ЗЕЛС заедно со невладините организации, експертите и сите останати чинители треба да поддржиме законски измени кои би придонеле по ажурна локална самоуправа, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека активно се работи и на законските измени со кои би овозможиле одземање на ингеренции во дадена сфера на одредена локална самоуправа, со цел да не постои простор за злоупотреби или неажурност на било кој градоначалник.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Видео: Камала Харис пие пиво во ТВ емисија
Следна Статија Жена од Хрватска на неверојатен начин освоила лото: Како раѓањето на внукот ѝ донесе милион евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Месецов ќе почнеме со интерните анкети за кандидатите за градоначалници, рече Мицкоски

На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните…

February 1, 2025
ПОЛИТИКА

Ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 и не направи ништо за воздухот: Со кое лице Шукова говори за Вардариште, прашува Манасиевски

Ајродром, ајро, ајро викаше Зоран Заев на цел глас во 2017 година и ветуваше чист воздух во Аеродром, додека Каја…

September 10, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО го спроведува планот за раситнување на опозицискиот блок

Проектот ЗНАМ, сателит партијата на ВМРО, се дели и веќе бидејќи е целосно маргинализирана со што заочнува планот за раситнување…

January 26, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е позната како послушничка на Заев

Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС. Кацарска како послушничка и извршителка на Заев,…

November 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?