Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 150 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Втора инвестиција од белгиската „Авеста холдинг“ во Македонија во вредност од 26 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > 150 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Втора инвестиција од белгиската „Авеста холдинг“ во Македонија во вредност од 26 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

150 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Втора инвестиција од белгиската „Авеста холдинг“ во Македонија во вредност од 26 милиони евра

Објавено July 18, 2025 10:23
Сподели
Сподели

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски по повод официјализирање на новата инвестиција во вредност од 26 милиони евра на белгиската Авеста Холдинг во рамки на ТИРЗ Штип, денес во Нинове – Белгија, оствари средба со менаџментот на компанијата. На средбата се разгледаа досегашните резултати на компанијата, тековните активности, како и понатамошните чекори за успешна реализација на инвестицискиот проект, а беше направена и обиколка на производствениот погон.

Димовски посочи дека ова е реален пример, доказ за активната работа и унапредениот пристап на новата влада кога станува збор за создавање висока додадена вредност. Тој истакна дека овој проект е од стратешко значење за целата национална економија, а особено за регионот на Штип.

Ношин Омар, сопственик и претседател на Авеста Холдинг, изрази особена благодарност за поддршката на целата влада, нагласувајќи дека токму транспарентноста, отвореноста и професионалноста на ТИРЗ биле клучни фактори за одлуката да се реализира втора инвестиција токму во Македонија. Од негова страна беше појаснето дека во новата фабрика во ТИРЗ Штип ќе се произведуваат напредни батериски системи од најнова генерација за електрична мобилност и стационарни апликации.

Изградбата на новиот производствен капацитет според деловниот се планира да започне крајот на 2025 година, а со неговата реализација ќе се отворат до 150 нови, високоплатени работни места во ТИРЗ Штип. Ова претставува втора по ред инвестиција на белгиската компанија во земјава, што е директен резултат на стабилната бизнис клима, проактивниот пристап на институциите и новите владини политики насочени кон поддршка на инвеститорите. Со ова, Македонија дополнително ја зацврстува својата позиција како атрактивна и предвидлива дестинација на мапата за странски директни инвестиции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Познато е колкав бакшиш им оставил Безос на вработените во хотелот во Венеција
Следна Статија ЕУ го усвои 18-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон енергетиката и банките

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мета го одложува izdавanjeto на мешани реалности очила со кодно име ‘Феникс’

Мета планира да издаде нов преносен уред со кодно име 'Малибу 2' во 2026 година, според интерен меморандум

December 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Не издавале фискални, а имале и други неправилности -УЈП казни 126 даночни обврзници

Управата за јавни приходи, во периодот од 01 до 30 ноември 2024 година, спроведе вкупно 907 контроли согласно Законот за…

December 8, 2024
ЕКОНОМИЈА

Nvidia ќе врбува врвен кадар од AI чип стартап Groq преку лиценцен договор

Највредната компанија во светот ќе придобие инженер кој помогна во развојот на Google's Tensor Processing Unit чип програмата

December 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кафеаните ќе треба да направат посебни влезови до простории за непушачи

Новиот закон за заштита од пушење на 24 март треба да се најде на владина седница, по што ќе биде…

March 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?