Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Словенија воведува данок од 25% на профитот од криптовалути
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Словенија воведува данок од 25% на профитот од криптовалути
Blog

Словенија воведува данок од 25% на профитот од криптовалути

Објавено July 20, 2025 09:23
Сподели
Сподели

Владата на Словенија усвои закон со кој се воведува данок на добивка од продажба на крипто средства, како и измени на законот за оданочување на добивка од стекнување деривативни финансиски инструменти.

Добивката од продажба или размена на криптовалути – без разлика дали станува збор за услуги, стоки, акции или традиционални пари (евра, долар) – ќе се оданочува со стапка од 25%, а за физички лица кои се даночни жители на Словенија.

Овој данок не се однесува на крипто-средства кои се составен дел од работењето на физички лица регистрирани за вршење дејност – во тој случај се применува класичен данок на добивка.

За разлика од третманот на данокот на капитална добивка на акциите, каде што данокот се намалува со годините на сопственост, тука се применува фиксна стапка од 25% без намалување, без оглед на времетраењето на држењето на крипто-средството.

Како функционира оданочувањето?

Даночната основа е остварената добивка – разликата помеѓу вкупната вредност на отуѓувањето и стекнувањето на крипто-средства во рок од една даночна година. Ако резултатот е негативен (загуба), вишокот може да се пренесе во следната година.

Даночните обврзници се должни да водат точна евиденција за секое купување и продажба на криптовалути и да ги достават до Даночната управа по барање. Инвестициите до 1.000 евра се ослободени од оданочување.

Кога стапува во сила законот?

Законот се применува од 1 јануари 2026 година, што значи дека данокот ќе се плаќа за прв пат во средината на 2027 година. Исто така, задолжителната размена на информации на меѓународно ниво се однесува на сите трансакции со крипто-средства чија индивидуална вредност е поголема од 50.000 евра, додека домашното известување до Даночната управа ќе биде задолжително од 1.000 евра и повеќе.

Министерот за финансии Клемен Боштјанчич рече дека ова е важен чекор во следењето на промените на финансиските пазари.

„Новиот закон систематски го регулира оданочувањето на приходите од располагање со крипто-средства и воспоставува даночен биланс помеѓу различните видови финансиски инвестиции“, додаде тој.

Повеќето европски земји кои оданочуваа крипто-профит, истакна Боштјанчиќ, избраа сличен пристап.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За влез во САД уште 250 долари такса
Следна Статија Хаос по концертот на Бијонсе: Во стампедо се повредени најмалку девет лица- сѐ почнало од бубачка (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Toyota suddenly has four new electric SUVs that it is betting will win over EV buyers – Electrek

With the new Highlander EV arriving later this year, Toyota will have a full lineup of electric SUVs. Toyota believes...

February 15, 2026
Blog

Аргентинскиот претседател за скандалот со криптовалутата либра: Сите знаеја во што се впуштаат

Претседателот на Аргентина Хавиер Милеј синоќа првпат се огласи по викендот обележан со скандал околу промоцијата на криптовалутата либра ($LIBRA),…

February 18, 2025
Blog

Meta вложи 14,3 милијарди долари во Scale AI – Александер Ванг преминува во технолошкиот гигант

Компанијата Scale AI, специјализирана за обработка и означување на податоци, потврди дека добила значајна инвестиција од технолошкиот гигант Meta во…

June 15, 2025

Сузан Сарандон вели дека холивудските улоги престанале откако „проговорила за Газа“

Добитничката на Оскар, актерката Сузан Сарандон, е во Шпанија овој викенд за да ја прими наградата за кариерно достигнување на…

February 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?