Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хаос по концертот на Бијонсе: Во стампедо се повредени најмалку девет лица- сѐ почнало од бубачка (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Хаос по концертот на Бијонсе: Во стампедо се повредени најмалку девет лица- сѐ почнало од бубачка (ВИДЕО)
ЗАБАВА

Хаос по концертот на Бијонсе: Во стампедо се повредени најмалку девет лица- сѐ почнало од бубачка (ВИДЕО)

Објавено July 20, 2025 09:47
Сподели
Сподели

Девет лица се повредени во стампедо на метро станицата Вајн Сити во Атланта, кратко по завршувањето на концертот на Бијонсе „Каубој Картер“.

Инцидентот по концертот на Бијонсе се случил во раните утрински часови, а според локалните власти, паниката наводно ја предизвикала девојка која бурно реагирала на инсект.

Детали за инцидентот и повредените

Според соопштението на Управата за брз транзит на Метрополитен Атланта (MARTA), стампедото се случило веднаш по полноќ, додека илјадници фанови го напуштале стадионот „Мерцедес-Бенц“ во центарот на Атланта. На ескалаторот што водел кон излезот од платформата имало ненадејно стампедо, во кое девет лица биле повредени. Едно лице се здобило со скршен глужд, додека другите се здобиле со полесни повреди како што се исеченици и гребнатини. Седум повредени лица биле префрлени во болница, а едно лице одбило болнички превоз.

@nbcbayarea Nine people were injured on a train station escalator as they were leaving the #Beyoncé concert in #Atlanta ♬ original sound – NBC Bay Area

Причина за паника – реакција на инсект

Полицијата на MARTA соопшти дека сведоците слушнале крик што предизвикал паника во преполната станица. Според информациите дадени од Стефани Фишер, виш директор за комуникации на MARTA, сведоците рекле дека лицето кое врескало всушност реагирало на инсект.

„Верувам дека има и видео на TikTok каде што една жена тврди дека е нејзина 10-годишна братучетка која вреснала кога видела инсект“, рече Фишер. „Снимките од станицата јасно покажуваат како луѓето бегаат во паника, но не е јасно кој точно вреснал или на што реагирале.“

Шефот на полицијата на MARTA, Скот Крехер, потврди за локалната NBC станица WXIA дека според првичните извештаи, паниката ја предизвикало девојче кое видело лебарка, или таканаречена „палмето бубачка.

Технички проблеми со ескалаторите

Во вревата што следела, луѓето почнале да врескаат и масовно да се спуштаат по ескалаторите, кои, поради тежината и ненадејното движење на толпата, привремено се забрзале, а потоа одеднаш застанале. Таа промена во работењето на механизмот дополнително придонела за повредите.

„Некој почнал да вреска надвор од станицата. Ја исплашила бубачка, но била надвор од толпата“, изјави в.д. извршната директорка на MARTA, Ронда Ален, на состанокот на одборот во четврток.

Ален истакна дека ескалаторот бил подложен на редовен технички преглед неколку дена претходно и дека немало знаци на дефект. Но, масата луѓе што одеднаш почнала да се спушта предизвикала механички стрес што довел до забрзување, а потоа до запирање на скалите.

„Замислете група луѓе како велат: „Мораме да се симнеме, мора да се симнеме“, и сите заедно почнуваат да се туркаат по скалите“, објасни Ален.

Најавени се дополнителни безбедносни мерки

Како одговор на инцидентот, службените лица најавија дополнителни безбедносни мерки. Во иднина, дополнителен персонал ќе биде поставен на клучните точки за да го насочува движењето на патниците и да го следи пристапот до ескалаторите за да се спречат слични ситуации.

Иако инцидентот немаше трагичен исход, тој предизвика голема загриженост за безбедноста на јавниот превоз за време на големи настани. МАРТА нагласи дека ќе продолжи да работи на превенција и безбедност на сите патници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Словенија воведува данок од 25% на профитот од криптовалути
Следна Статија Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ФОТО) Иванка Трамп во центар на вниманието на свадбата на Безос, сите зборуваат за фустанот

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, се појави на долгоочекуваната свадба на нејзините пријатели Лорен Санчез и Џеф…

June 27, 2025
ЗАБАВА

Новиот Ауди Q7 eлеганција за 88.000 евра

Новата, трета генерација на Ауди Q7 носи голем напредок, особено во технологијата на осветлување и луксузот во внатрешноста. Наместо само…

July 7, 2026
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Легендарната група „Битлси“ добива музеј во Лондон

Англиските музички легенди „Битлси“ ќе добијат сопствен музеј во Лондон, кој ќе ги отвори своите врати за обожавателите во 2027…

May 15, 2026
ЗАБАВА

(ФОТО) Објавена фотографија од Лиам Пејн направена нрколку минути пред смртта: Го носеле тројца мажи

Станува збор за фотографија од надзорните камери. Таа била направена на 16 октомври во 16:52 часот. Очевидците изјавиле дека пејачот…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?