Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Елтон Џон: Го изгубив видот на десното око поради инфекција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Елтон Џон: Го изгубив видот на десното око поради инфекција
ЗАБАВА

Елтон Џон: Го изгубив видот на десното око поради инфекција

Објавено November 27, 2024 08:45
Сподели
Сподели

Музичката легенда Елтон Џон откри дека го загубил видот на десното око откако летово се заразил со инфекција која делумно го ограничила видот на десното око.

Зборувајќи за Good Morning America, пејачот објасни како состојбата влијаела на неговата способност да создава музика.

-За жал, го изгубив видот на десното око поради инфекција која ми се случи во јули на југот на Франција. Поминаа четири месеци откако не гледам. Но, ниту моето лево око не е многу добро, изјави Елтон.

Кантавторот нагласи дека иако има надеж дека видот ќе му се подобри, моментално се соочува со големи предизвици во снимањето на нова музика.

-Има одредена надеж и охрабрување дека ситуацијата ќе се подобри. Сепак, во моментов се чувствувам како да сум во застој, бидејќи додека можам да правам вакви интервјуа, се соочувам со тешкотии кога станува збор за снимање во студио. Имено, проблемот е што едноставно не можам да ги читам текстовите, што ми оневозможува да продолжам со работа, изјави Елтон.

77-годишникот откри дека инфекцијата настанала во текот на летото, но дека процесот на закрепнување е бавен и ќе биде потребно извесно време за целосно да му се врати видот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на почетокот на третата фаза од инвестицијата на германскиот КОСТАЛ
Следна Статија Ромски хороскоп предвидува светла иднина за овие три хороскопски знаци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Боки 13 ќе прави концерт во Белградска арена

Бојан Јовановски кој поголем дел од времето го поминува во Белградм на социјалните мрежи најави нешто спектакуларно. Тој на 12…

March 19, 2026
ЗАБАВА

Внимавајте: Ако ги пребарувате овие зборови може да бидете хакирани

Пребарувањето на Интернет носи со себе одреден ризик. Иако повеќето од резултатите што можете да ги најдете во пребарувачот се…

November 10, 2024
ЗАБАВА

Почина урбаната легенда и сопственик на „Балет“ – Зоки Панкер

Скопје остана без еден од своите најпознати урбани ликови – Зоки Панкер, сопственик на легендарните клубови „Балет“ и „Фолк“ и…

January 4, 2026
ЗАБАВА

Познато е колкав бакшиш им оставил Безос на вработените во хотелот во Венеција

Милијардерот Џеф Безос наводно оставил бакшиш во вредност од 45.000 евра на персоналот на хотелот „Аман“ во Венеција, каде што…

July 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?