Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од сумата ќе ви се сврти: Ферари Ф1 болидот на Шумахер со кој победи во 2006 година е ставен на аукција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Од сумата ќе ви се сврти: Ферари Ф1 болидот на Шумахер со кој победи во 2006 година е ставен на аукција
ЗАБАВА

Од сумата ќе ви се сврти: Ферари Ф1 болидот на Шумахер со кој победи во 2006 година е ставен на аукција

Објавено October 23, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Се продава еден од последните автомобили што ги возел Шумахер.

Еден од најуспешните автомобили на Ферари, а воедно и еден од последните автомобили што ги возел легендарниот Михаел Шумахер, ќе се најде на аукција на RM Sotheby’s.

Болидот се користеше во 2006 година, односно во последната сезона на Шумахер во тимот на Ферари. Станува збор за болидот Ферари 248 Ф1, петти од вкупно осум произведени болиди за таа година. Што се однесува до трките, тој дебитираше на четвртата трка во сезоната, која се одржа во Имола, а Шумахер ја зазеде пол-позицијата во квалификациите, а потоа победи. Тоа беше негов прв триумф во 2006 година.

На следната трка на Нирбургринг, Шумахер се квалификуваше како втор, но паметната стратегија во боксот му овозможи да ја освои победата. Потоа возејќи го овој автомобил беше втор во Шпанија, Велика Британија и Канада, додека во САД оствари пол-позиција и уште една победа. Тој славеше и во Франција, а болидот беше пензиониран по трката во Унгарија.

Последен пат Мајкл го возеше на прославата на Ферари на финалето на Мондијал на крајот од сезоната во Монца, пренесува Index.hr.

RM Sotheby’s наведува дека овој автомобил бил купен од Ферари од приватен колекционер во декември 2007 година и останал во истата колекција до денес. Има сертификат Ferrari Classiche и е користен на неколку приватни тестови на патеката Фиорано.

Беше изложен и во музејот за автомобили Петерсен во Лос Анџелес во 2017 година, како дел од изложбата „Гледање црвено: 70 години Ферари“.

Се проценува дека новиот купувач ќе треба да издвои повеќе од 10 милиони евра за Ferrari 248 F1.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Малолетна ќерка потврдила дека по своја волја заминала во Косово, откако родителот ја пријавил за исчезната
Следна Статија Министерот Цветан Трипуновски стана татко

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Зошто генерацијата З има растечки апетит за ретро технологија?

Генерацијата З се враќа кон ретро стилот, со студии кои покажуваат повторна популарност на технолошки уреди што потекнуваат од изминатите…

December 8, 2025
ЗАБАВА

Џеј Ло проговори за Афлек: Ми требаше тоа раскинување, требаше да го знам тоа порано

Џенифер Лопез за магазинот Интервју проговори за големите промени кои и се случиле во животот и што научила додека минувала…

October 10, 2024
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Новата фризура на Доналд Трамп ги запали социјалните медиуми

Препознатливата фризура на Доналд Трамп беше иконски дел од неговиот бренд долго пред да зачекори на политичката арена. Но, новото…

December 19, 2024
ЗАБАВА

Сите Марио игри на попуст за време на Црн Петок во 2025 година

Дознајте повеќе за сите Марио игри кои ќе бидат на попуст за време на Црн Петок 2025, вклучително и кои…

November 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?