Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љубовта меѓу Гоце Делчев и Јанка Каневче е нашата најголема историска љубов!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Љубовта меѓу Гоце Делчев и Јанка Каневче е нашата најголема историска љубов!
МАКЕДОНИЈА

Љубовта меѓу Гоце Делчев и Јанка Каневче е нашата најголема историска љубов!

Објавено July 20, 2025 18:28
Сподели
Сподели

На романот за Гоце и Јанка работев, се подготвував и го пишував дваесетина години, вели во интервју за МИА Блаже Миневски, прозаист и драмски автор, чиј роман за најголемиот македонски револуционер, „Ако се родат некакви чувства“ е едно од најфалените дела во последнава деценија и е награден со признанието „Стале Попов“.

Во тој период истражував во архиви, собирав документи, разговарав со потомци на Јанка Каневче, вереницата или, поточно, љубовницата на Гоце Делчев, документарно и авторски ги реконструирав нивните средби, интимните чувства, нивните планови, копнежи и соништа. Процесот на работа бараше постојано да се „документира“ авторската имагинација, но и креативно да се реконструираат фактите како верификуван сведок на животот. Во книгата како прилог се објавени ексклузивни, интимни записи, доверливи извештаи, писма на Јанка до Гоце, факсимили од нејзиниот дневник, досега непознати фотографии од потомците на Јанка од бракот со Михаил Герџиков. Низ приказната се преплетуват автентични сведоштва за Гоце и Јанка, за тајните средби, за интимните моменти, за плановите што ги имале, за венчавката што ја замислувале, но и за траумите од загубата на саканиот и за болеста што ја разјадува, за лузните што ги чувствува до крајот на животот распната меѓу она што го носи во душата и она што го живее како судбина. Кога сето тоа ќе се затвори во една наративна структура може да се каже дека „Ако се родат некакви чувства“ не е само уметничка проза, не е ниту зборник, ниту фељтон, ниту историски запис, ниту поема, ниту само реконструкција на една љубов, туку сето тоа заедно –  хроника од чувства што го прават човекот одделно и посебно суштество, а Јанка и Гоце се токму тоа – посебни и особени.

Големата љубовна приказна меѓу нив започнала кога таа имала дваесет и две, а тој дваесет и осум години, и траела речиси три години, до крајот на неговиот живот.

Нивната љубов е нашата најголема историска љубов. Ние немаме друга поголема и попотресна љубовна приказна поврзана со значајна личност од нашата историја од оваа. Гоце планирал да се ожени со Јанка веднаш по Илинденското востание, но не успеал да го преживее предавството. Неколку месеци пред убиството во Баница му оставил аманет на Герџиков, еден од неговите најдобри пријатели и соборци, ако тој загине, Јанка да се омажи за него, но само „ако се родат некакви чувства“. Дали се родиле такви чувства е нишката што се провлекува од првата до последната страница на романот.

Тој открива од каде мотивот за пишување на ова дело.

Пред дваесетина години пишував репортажи за потомците на нашите револуционери и тогаш во Државниот архов во Софија открив писменце, напишано од  Јанка Каневче, во кое искажува длабока загриженост за животот на  Гоце Делчев. Во февруари 1902 година, кога веќе две години биле заедно, а за нивната љубов знаеле само најблиските, Јанка со писмо до весникот „Дело“ ја демантира веста дека тој е убиен. Такви вести во тој период излегувале често а реакцијата на Јанка е првиот посреден „доказ“ за нивната љубов. На крајот од демантот таа пишува:  „Докажете, ве молам, дека е жив и здрав, иако мнозина веруваат дека господинот Гоце Делчев е убиен. Докажете им дека е жив! Ако не сакате, тогаш не ми испраќајте на наведената адреса ништо. И сето ова, ве молам, да не се знае од кого е, и кој го праќа“. Кога го видов оригиналното писмо, со нејзиниот краснопис (факсимилот е објавен во романот н.з.), кога го прочитав, веднаш го почувствував и нејзиниот ужасен страв, но и нејзината голема љубов. Претходно веќе го знаев аманетот на Гоце во врска со неа. Аманетот доаѓа една година по демантот. Пред да замине за последен пат од Софија, Гоце скришум од неа, од својата Јанка, остава аманет за Герџиков, во тоа време негов најблизок пријател: „Ако се случи нешто со мене, ако ме убијат, има две нешта за кои милеам – татковината и Јанка. Чувај ги двете. Ако некогаш се родат некакви чувства меѓу тебе и неа, бидете благословени.“ Токму тука, всушност, почна да се оформува во како идеја романот за нивната врска, приказната за животот меѓу стравот и љубовта! Во меѓувреме требаше да се случи и една моја сосема случајна или, поточно, судбинска средба со правнуката на Јанка, поетеса од Софија, да поминат уште пет години потоа за да биде романот завршен, докрај комплетиран со спомените што се чувале во семејството Герџикови, и на крајот објавен. Приказната на повеќе нивоа ги следи чувствата како суштина на животот воопшто, трансформирајќи ја дилемата „да се биде или не“ во максимата „да се чувствува или да се умре“. Всушност во основа романот го поставува прашањето дали може да се биде среќен без чувства?

Целото интервју тука

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објектите на ФИНКИ и ДИФ намерно беа оставени да пропаѓаат цели 10 години, вели Јаневска
Следна Статија Одобрено обвинението за фиктивни тендери и присвоени лекови на Онкологија, Васев и Нухи го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поднесена кривична пријава против поранешниот министер Оливер Спасовски

Поднесена е кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од страна на Синдикат на Македонска Полиција (СМП).…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија се помалку бракови, се повеќе разводи

Браковите сѐ почесто завршуваат со развод, а истовремено опаѓа и бројот на новосклучени бракови и раѓања, покажуваат најновите податоци на…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонски автобус удри во банкина во Србија

Македонски автобус останал заглавен во снежните наноси откако се излизгал и удрил во банкината вчеравечер на автопатот А5 кај Појате…

November 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: АСНОМ е неизбришливиот жиг на Македонската борба, македонската нација е создадена со многу труд и со огромни жртви

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје истакна дека…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?