Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Објектите на ФИНКИ и ДИФ намерно беа оставени да пропаѓаат цели 10 години, вели Јаневска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Објектите на ФИНКИ и ДИФ намерно беа оставени да пропаѓаат цели 10 години, вели Јаневска
МАКЕДОНИЈА

Објектите на ФИНКИ и ДИФ намерно беа оставени да пропаѓаат цели 10 години, вели Јаневска

Објавено July 20, 2025 18:27
Сподели
Сподели

Министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека објектите на ФЕИТ и Факултетот за физичка култура намерно биле оставени недоградени цели 10 години, бидејќи биле започнати како проекти на ВМРО-ДПМНЕ, без да се води грижа за интересите на студентите, професорите и за знаењето.

Научно-технолошкиот парк нема никаква врска со тие 2 згради. Тие две згради се политика на Министерството за образование и наука, политика на државата, а научно-технолошкиот парк е неопходна потреба на државата – подвлекува министерката во интервју за Радио Слободна Европа.

Таа посочи и дека не може да се исполни барањето на родителите на децата со атипичен развој за трајно вработување на образовните асистенти зашто потребите во училиштата се променливи. Таа порачува дека ако во иднина се појави можност дел од асистентите трајно да се вработат, тоа со задоволство ќе го прифати, но дека нема да дава лажна надеж.

Министерката најавува оптимизирање на дел од училиштата, но не прецизира колку од нив ќе бидат затворени. Информира дека некои школи се веќе со клуч на врата, веројатно околу стотина подрачја каде нема деца и таму на градоначалниците им се препорачува да ги пренаменат објектите – за старски дом или за некаков клуб.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Лефков: Структури од СДС со бугарските служби напаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски
Следна Статија Љубовта меѓу Гоце Делчев и Јанка Каневче е нашата најголема историска љубов!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска е Павловден, на овој ден не се работи

По Петровден денеска е големиот православен празник Павловден кој се празнува на 13 јули. На Павловден именден слават тие што…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сакаме да изградиме механизам кој ќе делува брзо, ефикасно и бескомпромисно против корупцијата

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на Конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата. -Ова тело претставува…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за денешната полициска акција: Има сомневање дека лица се здружиле и направиле криминал од 6,5 милиони евра

На денешната прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски за акцијата којашто се спроведува денеска во повеќе градови кадешто предмет на претрес се…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Филтри на оџаците како мерка против загадувањето – Мицкоски очекува невладини да се борат за воздух по седум години молк

Владата веќе размислува за конкретни мерки за намалување на загадувањето во претстојната зимска сезона. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека денеска…

September 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?