Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одобрено обвинението за фиктивни тендери и присвоени лекови на Онкологија, Васев и Нухи го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Одобрено обвинението за фиктивни тендери и присвоени лекови на Онкологија, Васев и Нухи го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра
ЗДРАВЈЕ

Одобрено обвинението за фиктивни тендери и присвоени лекови на Онкологија, Васев и Нухи го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра

Објавено July 20, 2025 18:32
Сподели
Сподели

Кривичниот суд го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нахад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра. Васев е обвинет и во друг предмет за несовесно лекување на пациенти на клиниката.

Во обвинителниот акт стои дека кривичното дело „злоупотреба на службената положба“ обвинетите, медицински и организациски директори, го извршиле со пречекорување на границите на своето службено овластување и не ја извршиле својата службена должност во постапките за набавка на лекови, постапувајќи спротивно на Законот за здравствената заштита, Закон за здравствено осигурување, Статутот на Клиниката, Законот за буџетите и Законот за јавни набавки. Со овие дејствија тие прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од над 2,2 милијарди денари.

Исто така, двајцата се обвинети за измама во службата бидејќи извршилe повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, така што во вршење на својата службена должност со намера за друг да прибават противправна имотна корист, создале противправна обврска и го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија да изврши незаконита исплата. На тој начин прибавиле значителна корист за добавувачите на лекови во вкупен износ од над 430 милиони денари.

Обвинетите, во постапките за јавни набавки на лекови – биолошка активна терапија, молекуларна таргет терапија и моноклонални антитела набавувале лекови на реверс без да постои валиден правен основ за тоа, по што за покривање на реверсите спроведувале постапки за јавни набавки, кои биле беспредметни бидејќи добавувачите на лекови во рамки на добиените јавни набавки ги фактурирале претходно дадените лекови на реверс, па без комплетна, веродостојна и вистинита документација обвинетите овозможувале верификација на реверсите преку јавните набавки. Со ваквите противзаконити дејствија обвинетите креирале противправни обврски на Фондот, кој бил доведен во заблуда дека условниот буџет кој го одобрува се однесува на законски креирани обврски, а не за намирување на противправно креирани обврски за лекови набавени на реверс, поради што Фондот на годишно ниво одобрувал условен буџет на Клиниката, од кој потоа биле исплаќани лековите набавени на овој начин, стои во обвинителниот акт.

Воедно, обвинетиот медицински директор помогнат од организацискиот директор извршил и кривично дело – проневера во службата, бидејќи преку постапките за набавка на лекови набавил количина на лекови која имал намера да ја присвои, па откако со свој потпис ќе го препишел и одобрел лекот, дел од лековите фиктивно ги раздолжувал, односно не ги аплицирал на пациентите во чие име овие лекови биле требувани, па така постои разлика меѓу евидентирана требована количина за пациент и раздолжена количина за пациенти во износ од околу 2 милиони денари.

Ова е констатирано кај 9 пациенти за кои фиктивно се раздолжувани пет различни лекови. Дополнително, медицинскиот директор, користејќи ја неусогласеноста на состојбата на залихите искажана во сметководствената и материјалната евиденција и неусогласеноста помеѓу месечните податоци за издадени лекови од аптека и примени лекови во организационите единици на Клиниката, за кои бил директно одговорен организацискиот директор, присвоил дел од лековите кои клиниката требало да ги има на залиха. Станува збор за вијали и таблети од вкупно девет лека – Херцептин, Авастин, Ербитукс, Фулвестрант, Тразимера, Кадцајла, Оксалиплатин од 50 и 100 милиграми и Зелбораф со кои за себе прибавил противправна имотна корист од најмалку 13 милиони денари, појаснуваат од Обвинителството.

Второто обвинение за случајот „Онкологија“ се однесува на четворица лекари, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката, Васев. Тој, заедно со уште една лекарка, се товари за тешки дела против здравјето на луѓето и несоодветно лекување, при што кај 29 пациенти применил неподобна терапија спротивна на онколошките упатства. Дел од терапиите биле одобрени со факсимил и лозинка на втората обвинета.

Другите двајца лекари се обвинети за несоодветно лекување, бидејќи давале напредна терапија на пациенти кај кои таа не можела да има ефект, со погрешно дозирање и без основни податоци што ја влошило состојбата на пациентите.

Судењето за овој предмет беше насрочено за 11 јули, но се одложи за 5 септември поради отсуство на обвинетата Мери Пешевска. На обвинителна клупа тогаш седнаа само првообвинетиот Никола Васев и двајца обвинети онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски, додека, за Пешевска нејзиниот бранител до Судот достави медицинска документација од 10 јули и барање за одлагање на денешното рочиште.

Истрагата ОЈО Скопје ја заврши на 22 мај годинава и до Кривичен поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Љубовта меѓу Гоце Делчев и Јанка Каневче е нашата најголема историска љубов!
Следна Статија Апел за помош на Александар Велески за лекување во институтот Атлантис во Белгија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу

Набрзо ќе бидат отворени нови 300 слободни места за кадри од редот на приватните специјализанти, најави денеска министерот за здравство…

June 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во 2023 година во Македонија имало 258 патронажни сестри што е недоволно за да се обезбеди квалитетна грижа за сите мајки и деца

Речиси 300.000 жени годишно го губат животот поради компликации поврзани со бременост и породување. Повеќе од два милиони бебиња умираат…

April 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Зошто појадокот е најважниот оброк

Прескокнувањето на појадокот, општо гледано, не се препорачува од лекарите. Предупредувањата говорат дека прескокнувањето на првиот оброк може да доведе…

June 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Медицинска опрема од 18,6 милиони евра неискористена: нема кадар, нема услови, нема делови

Современа медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра, не се користи доволно во јавното здравство поради необезбедени кадровски и просторни услови,…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?