Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ќе имаме пет потрошувачки кошници, една за самец, за млад брачен пар, за тричлено, за четричлено семејство и за пензионери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Ќе имаме пет потрошувачки кошници, една за самец, за млад брачен пар, за тричлено, за четричлено семејство и за пензионери
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ќе имаме пет потрошувачки кошници, една за самец, за млад брачен пар, за тричлено, за четричлено семејство и за пензионери

Објавено July 21, 2025 14:41
Сподели
Сподели

Ќе имаме пет потрошувачки кошници, една за самец, за млад брачен пар, за тричлено, за четричлено семејство и за пензионери. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски кој рече потребите на сите се различни и рече дека за ова се консултирал со академската фела.

Интензивно работиме со професори и со министерот за економија, Бесар Дурмиши на оваа тема. Како што сум информиран процесот на утврдување на репрезентативност на синдикатите е завршен и наскоро ќе се одржи седница на Економско социјален совет на која ќе се разговарља и за потрошувачката кошница. Сметам дека тука треба да има пет сегменти, односно да има потрошувачка кошница за самец, за млад брачен пар, за тричлено семејство, за четричлено семејство и за пензионери. Потребите на еден пар пензионери се различни од потребите на еден млад брачен пар, изјави Мицкоски.

Тој појасни дека за овој предлог се консулирал со академската фела и додаде дека се потребни повеќе анализи за да се дојде до подобри резултати.

Инаку податоците од Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули 2025 година достигна 65,328 денари. Ова претставува пораст од 630 денари во споредба со претходниот месец (јуни 2025), кога таа изнесуваше 64,698 денари.

ССМ дополнително истакнува дека со вклучен трошок за изнајмување стан од 60 квадратни метри за месец јули, вкупната вредност на кошницата се зголемува на 80,703 денари.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница (СМК) за храна и пијалаци, која опфаќа 63 производи, за јули 2025 година изнесува 23,682 денари. Во споредба со јуни 2025 година (23,167 денари), забележано е зголемување од 515 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Синдикалната кошничка во јули 65.328 денари
Следна Статија Гаши: Прво треба да има судска пресуда, па Собранието да почне постапка за разрешување на Димитровска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нов инфраструктурен проект – експресен пат Кочани–Виница–Делчево

Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности за реализација на нов инфраструктурен проект – експресниот пат Кочани–Виница–Делчево, кој, како што…

May 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

ММФ предупредува: Светската економија е на раб на нагло и опасно заладување

Сигурносното ќебе нè грее, но можеби една нога ни останала на студено,“ рече директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, на состанокот на…

October 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Блумберг: Македонија урна рекорд во странските инвестиции – прилив од 838 милиони евра за девет месеци

Странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Македонија се поврзува со системот за инстант плаќање на Европската централна банка

Граѓаните и компаниите на Македонија Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора наскоро ќе можат брзо да плаќаат во…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?