Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гаши: Прво треба да има судска пресуда, па Собранието да почне постапка за разрешување на Димитровска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Гаши: Прво треба да има судска пресуда, па Собранието да почне постапка за разрешување на Димитровска
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Прво треба да има судска пресуда, па Собранието да почне постапка за разрешување на Димитровска

Објавено July 21, 2025 14:44
Сподели
Сподели

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат.

Потренцира дека собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да одлучува за оваа прашање.

-Треба да има правосилна судска пресуда. Како што знаете, процедурата е пропишана во Деловникот и за тоа ќе одлучува Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Значи, ако има било каква постапка, треба да се отпочне од таа Комисија. И ако тие одлучат можат да донесат каква било одлука. За разрешување, тие треба да донесат одлука  па тоа да се процесира на пленарна седница. Што и да одлучи Комисијата, јас ќе го процесуирам во пленарна седница. Но, да, законот е јасен, значи зборува за не за покренување на обвинение, туку за правосилна судска пресуда. Тоа е делот каде што пратениците треба да размислат. Законски услови се уште нема, но делот на угледот, дали може некој да го води тоа тело а има покренато обвинение, тоа повеќе е работа на етика и углед, достоинственост на водење на таа институција. Сепак, останува на Комисијата, рече претседателот на Законодавниот дом.

Гаши нагласи дека претседателката на ДКСК досега до Собрание нема доставено оставка. Потенцира дека иницијатива за разрешување на Димитровска треба да доаѓа од пратениците.

– Според мене, законските услови не се исполнети. Тие тоа не можат вонзаконски да го направат. Тие сепак ќе треба да одлучат. Таа Комисија има пратеник кој ја води, има правилник за работа. И особено кога избираат вакви важни претседатели на битни комисии, сигурно имало прилика порано како се одлучувало. Гледам дека и во јавноста има резервираност. Не е баш лесно да се влезе во тоа, затоа што некој административно тоа да го оспори, па да оди на Управен суд итн. Внимателни се во тој дел. Да се делува, а да не се направи штета, рече Гаши.

Димитровска уште во текот на истрагата објави дека нема намера да се повлече од фунцијата, бидејќи смета дека без судска пресуда, секој е невин. По предлог на Обвинителството, таа веќе неколку месеци има забрана да постапува во предмети на ДКСК, не смее да прима пошта, а судот и го одзема и пасошот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ќе имаме пет потрошувачки кошници, една за самец, за млад брачен пар, за тричлено, за четричлено семејство и за пензионери
Следна Статија Вардар го дозна противникот во 3.коло

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Васко Саздовски е Македонецот кој трагично загина во Нови Сад

Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви во вчерашната трагична несреќа на железничката станица во Нови Сад. Васко…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Без оглед на разликите со Филипче, потребно ни е единство за Македонија и важните прашања

„Се побара средба, јас веднаш одговорив, доколку се има некаков план за волја на вистината немаше таков план, таква реторика…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

ССМ пред Собранието побара измени на Законот за минимална плата

 Учесниците на протестот за 1 Мај, организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), пред Собранието побараа од пратениците да…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала

Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот…

September 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?