Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со донација од 800.000 евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Со донација од 800.000 евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
МАКЕДОНИЈА

Со донација од 800.000 евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

Објавено July 21, 2025 19:16
Сподели
Сподели

Со донација од околу 800 илјади евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека се работи за донација од општествено одговорна компанија која, рече, донирала објект во оваа сума и во општина Теарце за реализација на канализациски проект што треба да заврши со пречистителна станица.

-Ова е чин на голема возбуда и задоволство затоа што од таа гимназија се излезени многу професори, научници, градоначалник, изјави Мицкоски.

Донатор е компанијата „Унипромет НМ ДООЕЛ Скопје“. Оваа компанија ќе донира 800.000 евра кои ќе бидат наменети за целосна реконструкција на двата објекта од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово познати како Старо медицинско училиште.

Со реконструкцијата на првата зграда ќе бидат опфатени 7 училници, 1 кабинет за информатика, 2 тоалета, 1 наставничка канцеларија, 1 просторија за библиотека, 1 канцеларија за помошник директор и 1 просторија за технички персонал. Во втората зграда ќе се реконструираат 6 училници, 1 наставничка канцеларија, 1 тоалет, училници за кабинети по природни науки и 1 мала спортска сала.

Во март годинава, Советот на Општина Тетово едногласно ја прифат донацијата за таа реконструкција.

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами соопшти дека со реконструкцијата, гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ ќе добие целосно нов лик и нови услови за учениците.

Како што рече, двата објекта што ја сочинуваат гимназијата, се најстари во Тетово и „симбол за традиција во градот“.

До 2001, во централниот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ заедно учеа учениците кои ја следеа наставата на македонски и на албански јазик. Но, по неколку инциденти и тепачки меѓу учениците, наставниците и учениците од македонската настава, чувствувајќи се небезбедно, ја напуштија гимназијата и неколку години наставата ја следена во несоодветни објекти, во училиштето „Гоце Делчев“, како и во просториите на Работничкиот универзитет. Од учебната 2017/2018 наставата се одвива во двата овие објекта познати како Стара медицина. Но и овие две згради, кои се изградени во првата половина на 20 век, ни од далеку не ги задоволуваа условите за одвивање современа настава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир на Европскиот фронт
Следна Статија (ВИДЕО) Трамп објави бизарно видео со вештачка интелигенција од апсење на Барак Обама

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Перински: Нови 116 милиони денари за 47 проекти за поддршка на развојот на најмалку развиените региони

Денеска, на 40. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која претседаваше министерот за локална самоуправа, Златко Перински, беа разгледани и…

June 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Перински: Нема заборавени места во Македонија, Владата го поддржува рамномерниот развој

„Во Македонија нема заборавени места – рамномерниот развој е наш императив, сакаме да ја зголемиме економската и социјалната стабилност во…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Фото) И пратеници трчаа на скопскиот маратон

Денеска во Скопје се одржа 21. Визер Скопски маратон. Првпат институцијата Собрание настапи како организиран тим, со силна порака за…

October 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Розенкранц: Да не се дозволи билатералните прашања да застанат на патот, Шведска ќе ви биде поддржувач

Многу е важно да се фокусирате на тоа што сами можете да го сторите, да ги спроведете навистина потребните реформи,…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?