Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија под топлотен бран, и денеска до 42 степени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија под топлотен бран, и денеска до 42 степени
МАКЕДОНИЈА

Македонија под топлотен бран, и денеска до 42 степени

Објавено July 22, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на топол бран од југ до сабота времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули.

В петок максималната температура ќе се движи од 37 до 42 степени. 

Поради топлото време и согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од Министерството за здравство дадоа повеќе препораки за заштита на населението од високи температури, меѓу кои престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалаци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава и очи. 

Се препорачува и избегнување физичка активност во најтоплите часови од денот, посветување внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени, да се одложат активности на отворено во најтоплиот дел од денот и да се обезбедат микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25 степени Целзиусови) на работното место и во домот, а во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс веднаш да се побара медицинска помош.

Министерството за здравство информира дека внимателно ја следи состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цените на суровата нафта се искачија на околу 67,1 долари за барел
Следна Статија ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дрин Ахмети во Америка, неговата фирма Тхор како и Соравија со блокирани сметки

На крајот на 2023-та беше во скопска полициска станица поради многу пиротехника ставена во гепек, но на крајот на 2024-та…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

Судскиот совет на Република Македонија соопштува дека на итна седница денеска ќе одлучува за одземање на имунитетот и за одобрување…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: На Скопје му треба силна трансформација, градскиот воз, нови еколошки автобуси, нова инфраструктура

Овие четири години за Скопје се изгубени, сега на градот му треба силна трансформација и ние како Влада и Министерство…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска ги разбира родителите кои бојкотираат, но вели дека станува збор за дете – жртва на осуда на општеството

Две скопски училишта влегоа во бојкот поради ученик со насилно поведение. Од вчера во „11 Октомври“, а од денес и…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?