Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Патници на лет за Скопје останале заглавени на аеродромот во Истанбул: Повеќе пати променет гејт, исчезнат летот од инфо-таблите, оставени без храна…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Патници на лет за Скопје останале заглавени на аеродромот во Истанбул: Повеќе пати променет гејт, исчезнат летот од инфо-таблите, оставени без храна…
МАКЕДОНИЈА

Патници на лет за Скопје останале заглавени на аеродромот во Истанбул: Повеќе пати променет гејт, исчезнат летот од инфо-таблите, оставени без храна…

Објавено July 22, 2025 09:33
Сподели
Сподели

Десетина патници од летот ТК1005 на релација Истанбул – Скопје синоќа останале на аеродромот во Истанбул, откако авиокомпанијата Turkish Airlines не успеала навреме да ги информира за промените на гејтот, пишува порталот 4news.mk.

Според сведочења на патниците, гејтот за летот бил променет најмалку четири пати, а последната промена од B9A на F7 била соопштена само усно од страна на операторот на гејтот. Веднаш потоа, летот исчезнал од информативните табли на аеродромот, што предизвикало дополнителна конфузија.

„Дел од нас беа на гејтот и три часа пред полетување, но поради хаосот со промените и отсуството на јасни информации, летот ни избега. Имаме и Boarding pass со печат од гејтот како доказ дека сме биле таму“, изјавиле патниците.

Откако случајот бил пријавен до менаџментот на Turkish Airlines, компанијата реагирала со понуда за бесплатни карти за следниот лет кон Скопје, како и ваучери за храна. Тие го признале пропустот, сепак, патниците кои вечерва останаа во Истанбул не добија сместување, иако во повеќето случаи авиокомпаниите се обврзани да го обезбедат.

Поради безбедносни правила, чекираниот багаж од патниците беше отстранет од авионот и поради тоа имаше доцнење од 30 миниту за полетување кон Скопје.

Во повеќето случаи авион не смее да полета со багаж од патник кој не е на летот. Ова е правило кое се вика “baggage reconciliation” и е воведено од безбедносни причини (после терористички инциденти во минатото како бомбашкиот напад на Локерби во 1988).

Подоцна патниците добија само бесплатни карти за следниот утрински лет за Скопје, но ништо од ветените ваучери за храна. Менаџментот рече дека имало грешка во комуникација и дека ваучери следуваат само ако имате поврзани летови. Откако дел од патниците посочија дека доаѓаат од друга дестинација, а Истанбул е само трансфер, вработениот повторно го смени ставот и посочил дека ниту нив не ги следува ваучер за храна.

Патниците најавуваат дека ќе поднесат официјални жалби заради, како што велат, пропустите во организацијата и комуникацијата со кои биле оставени да се снаоѓаат сами.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српски дипломат контра Пендаровски: Глигоров не ја одби можноста Македонија да влезе во некоја југословенска федерација
Следна Статија Објавени илјадници документи за атентатот врз Мартин Лутер Кинг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе важат и за македонските државјани: Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12-ти октомври

Системот за влез/излез на ЕУ започнува со постепена примена од 12 октомври. Ова е мерка што се презема за зајакнување…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Татјана Димитровска во судница кажа дека не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска пред судот рече дека ја разбира содржината…

April 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон

Судскиот совет на продолжението на 534. седница денеска едногласно со осум гласа донесе одлука да објави оглас за избор на…

January 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Вода ќе немаме 15 часа: Следете ги препораките на Институтот за јавно здравје

Поради активности за санација и модернизација на главниот градски водовод, скопјани вечерва ќе останат без вода. Прекинот, според информациите од…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?