Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лефков тврди: Цел сум на хибриден напад од Бугарија и од дома!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лефков тврди: Цел сум на хибриден напад од Бугарија и од дома!
ПОЛИТИКА

Лефков тврди: Цел сум на хибриден напад од Бугарија и од дома!

Објавено July 23, 2025 16:47
Сподели
Сподели

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ од Кочани, Миле Лефков ги демантира пишувањата на медиуми во Бугарија дека, наводно, повеќе членови од неговото семејство поседуваат бугарски пасоши.

-Во изминатите денови, откако алармирав за сериозна хибридна закана која доаѓа од Бугарија, сведоци сме токму на она за што предупредував – координирани напади, клевети и обиди за лична дискредитација преку лажни вести, изјави за МИА Лефков.

Според него, дел од бугарските медиуми, поддржани од домашни политички сојузници, тргнале со невидена кампања – не против неговите ставови, туку против неговото семејство.

-Тврдењата дека сум „единствен Македонец“ во фамилијата, дека брат ми и сите мои братучеди се Бугари, се апсурдни и злонамерни, со цел да ме замолчат и да ја изместат суштината на моите јавни настапи, рече Лефков.

Тој посочува дека за него е неприфатливо неговото семејство да биде користено во политички цели „од единствена причина што зборува вистини“.

-Јас сум пратеник, јас сум носител на јавна функција и јас одговарам за моите ставови – не моето семејство, не моите роднини. Не прифаќам фамилијата да ми биде влечена низ политичката кал, само затоа што зборувам вистини што не им одат во прилог на некои центри на моќ, истакна Лефков.

Уште еднаш посочи дека станува збор за хибридна операција против секој кој зборува за националниот суверенитет.

-Оние што велеа дека моите прес-конференции се „параноја“ денес молчат – бидејќи вистината се покажа. Хибридната операција е веќе во тек, и нејзиниот главен таргет не сум само јас, туку секој кој гласно ќе зборува за националниот суверенитет и достоинството на македонската држава, категоричен е пратеникот во републикото Собрание, Миле Лефков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САМО ВО МАКЕДОНИЈА: Ване Цветанов се луксузирал на сметка на државата, а си ја ангажирал и вереницата за надворешен соработник
Следна Статија „Зелен хуман град“ формира партија за да може да учествува на избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Сопругата на Ѓорѓиевски со демант: Чантата чини 944 денари, а не 30.000 долари, како што вели СДСМ

Откако денеска СДСМ обвини дека сопругата на градоначалникот на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера на настан наводно се појавила…

February 20, 2026
ПОЛИТИКА

Анкета: Граѓаните со позитивно мислење за економска политика на власта

Една третина од граѓаните сметаат дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ води подобра економска политика од СДСМ (9,1%), покажуваат резултатите на истражувањето…

September 28, 2025
ПОЛИТИКА

Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера

Собранискиот спикер Гаши во петок или сабота претпладне ќе ги распише локалните избори планирани за наесен. Гласањето за општинските совети…

August 6, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Ристески од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал патриотски нагон и затоа станал член на СДСМ

Во најавената епизода на „На кавга со Иван“, новинарот Иван Мирчевски го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, дали во…

June 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?