Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Србија со Јокиќ на Евробаскетот 2025
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Србија со Јокиќ на Евробаскетот 2025
СПОРТ

Србија со Јокиќ на Евробаскетот 2025

Објавено July 25, 2025 14:43
Сподели
Сподели

Селектор на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ, денеска информираше кога ќе го објави конечниот список  на кошаркари за Европското првенство.

Попупарниот Кари се уште тактизира со составот поради најдобриот кошаркар на светот Никола Јокиќ.

– Како и секогаш, многу сме мотивирани. Ако мене лично ме прашувате, се чувствувам одлично. Подготовките почнуваат сега на 28-ми и ќе бидат специфични бидејќи се неверојатно кратки. Комплицирано е и предизвикувачки да се направи план за подготовки. Се обидовме да ги организираме додека играчите беа во своите клубови. Следува првата фаза од подготовките во Стара Пазова, потоа турнири на Кипар и во Минхен, а потоа и последната фаза во Арената. По сето тоа, веќе сме на пат за Латвија на 25-ти – рече Пешиќ.

Од САД утрово стигна информација што ги израдува Србите, откако новинарот Иван Сидери кој работи за „Форбс“ и важи за добро упатен во НБА-лигата обелодени дека Јокиќ ќе биде дел од Евробаскет 2025.

„Никола Јокиќ, Јанис Адетокумбо и Лука Дончиќ ќе играат за своите национални тимови на претстојното Европско првенство“, кратко напиша Сидери крај промотивното видео што го објави, доволно за еуфорија кај нашиот северен сосед.

Со Јокиќ во тимот бронзената селекција од Олимписките игри во Париз,сигурно била била една од главните кандидати за одличја на ЕП.

Во наредните денови се очекува и официјална потврда дали информацијата на новинарот од САД, Иван Сидери е вистинска, дали центарот на Денвер навистина ќе го облече повторно репрезентативниот дрес.

Инаку, Евробаскет 2025 ќе се одржува од 27 август до 14 септември, а репрезентацијата на Србија е дел од групата А заедно со селекциите на Летонија, Чешка, Турција, Естонија и Португалија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не оставајте лежалки и пешкири во Полихроно и Калитеа, ќе ви ги рециклираат
Следна Статија Две ипол годишно дете тешко повредено во сообраќајка помеѓу автомобил и четирицикл

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Сити го прегази Јувентус

Фудбалерите на Манчестер сити го декласираа Јувентус во Орландо (5:2) и ја освоија првата позиција во Групата Г на Светското…

June 27, 2025
СПОРТ

Партизан испадна, играчите плачеа

Фудбалерите на Партизан трагично беа елиминирани од квалификациите за Лигата на Европа од АЕК од Ларнака по изведувањето на пенали.…

July 18, 2025
СПОРТ

(Видео) Тимот Шек победи на Ол-стар натпреварот, Стеф Кари е МВП

Главниот настан на НБА Ол-стар викендот во Сан Франциско за прв пат се одржа во нов формат со четири екипи…

February 17, 2025
СПОРТ

Навивачите на Црвена звезда му мафтаа пред лице на амбасадорот Хил со знаме „нема предаје“ за Косово

Навивачите на Црвена Ѕведа на мечот против Фенербахче во Евролигата приредија шоу во кој главна тема беше американскиот амбасадор Кристофер…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?