Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
ЗДРАВЈЕ

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Објавено July 25, 2025 19:31
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишник осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Кражбата, соопшти денеска Јавното обвинителство, ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде искористил невнимание на еден пациент од велешко, ја протнал раката во неговиот џеб и одзел 300 евра и 28 000 денари.

Пациентот малку подоцна забележал дека му се украдени парите и пријавил во полиција, а сторителот бил идентификуван од снимките на видео камерите во болницата.

  • Имајќи предвид дека сторителот бил и претходно осудуван, како и дрскоста со која делото сега го извршил во медицинска установа во која во исто време поголем број пациенти во тешка состојба, меѓу кои и оштетениот, чекале да примат терапија од која им зависи животот, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка му предложи да определи мерка притвор за осомничениот. Притворот е веќе прифатен од судот, информираат од Јавното обвинителство.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
Следна Статија Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Будењето помеѓу 2 и 3 часот наутро може да биде знак за сериозен проблем

Доколку често се будите помеѓу 2 и 3 часот наутро, не го сфаќајте лесно. Експертите предупредуваат дека овој модел може…

October 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Здружение на матични гинеколози: Да се усвои предлог-законот за заштита од пушењето и да важи за сите

Здружението на матични гинеколози денеска преку соопштение ја изразува својата силна и недвосмислена поддршка на предлог-законот за заштита од пушењето,…

January 27, 2026
ЗДРАВЈЕ

Јавен повик за обука на негователи за помош и нега во дом за стари лица во Битола

Општина Битола објавува јавен повик за избор на лиценцирани обучувачи за спроведување на Обука на негователи за помош и нега…

July 20, 2026
ЗДРАВЈЕ

Осум повредени во пожарот во Кочани се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија

Осум пациенти денеска се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија, а во странство остануваат хоспитализирани уште 18 повредени…

May 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?