Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Срамни услови во Скопје“ – Жестока критика од Италијанската теквондо федерација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > „Срамни услови во Скопје“ – Жестока критика од Италијанската теквондо федерација
СПОРТ

„Срамни услови во Скопје“ – Жестока критика од Италијанската теквондо федерација

Објавено July 26, 2025 19:31
Сподели
Сподели

Претседателот на Италијанската теквондо федерација, Анџело Чито, остро ја критикуваше организацијата на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), кој оваа година се одржува во Скопје. Во изјава за италијанската новинска агенција АНСА, тој го нарече натпреварувањето „сценарио какво не очекувал да го види во 2025 година“, нарекувајќи ги условите „срамни“, објави 4NEWS.mk

Чито истакна дека, и покрај тешките околности, италијанските теквондисти успеале да освојат три медали и покажале исклучителна пожртвуваност.

„Децата го заслужуваат моето длабоко признание. Не само поради освоените медали, туку затоа што се натпреваруваа храбро, во објекти во распаѓање, со чест прекини, без струја и без минимални хигиенски услови. На речиси 50 степени Целзиусови снема струја, па климите не работеа. Ова не смееше да се случи“, рече Чито.

Неговиот гнев беше насочен кон организаторите, за кои рече дека не понудиле ниту минимум стандарди за меѓународно спортско натпреварување.

И покрај лошите услови, ЕМОФ донесе солидни настапи за македонското теквондо. Репрезентацијата ја претставуваа тројца натпреварувачи, а најдобар пласман оствари Душица Бресалиева, која стигна до борбата за медал.

Потсетување: по олимпиското сребро на Дејан Георгиевски во Токио 2020 и настапот на Милијана Рељиќ во Париз, ова е уште еден чекор напред за македонското теквондо. Но, останува прашањето: дали спортските херои заслужуваат вакви услови?

Извор: 4news.mk

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ денес го продолжи маршот од Зубовце, Тумчевиште и Гостивар
Следна Статија „Пожарот“ на брод во Охрид всушност било вежба на МВР во случај на интервенција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Реал прими четири гола, но избори пласман во финалето на Купот на кралот

Фудбалерите на Реал Мадрид и Реал Сосиедад одиграа спектакуларен натпревар во реванш полуфиналето на Купот на кралот, По 120 минути…

April 2, 2025
СПОРТ

Жељко Обрадовиќ пие виски, додека Ханка Палдум му пее „на увце“ (ВИДЕО)

Жељко Обрадовиќ, тренер на Партизан и еден од најтрофејните кошаркарски тренери во историјата, беше избран за амбасадор на Младинските спортски…

August 24, 2025
СПОРТ

Македонија во последните секунди испушти победа против Велс

Малку фалеше Македонија да дојде и до седмата победа по ред, Велс со гол на Брукс во 96. минута спречи…

March 25, 2025
СПОРТ

Пелистер ги загуби сите шанси во ЛШ

Тренерот на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, изрази задоволство од настапот на своите ракометари на гостувањето во Берлин…

February 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?