Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Пожарот“ на брод во Охрид всушност било вежба на МВР во случај на интервенција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Пожарот“ на брод во Охрид всушност било вежба на МВР во случај на интервенција
МАКЕДОНИЈА

„Пожарот“ на брод во Охрид всушност било вежба на МВР во случај на интервенција

Објавено July 26, 2025 21:11
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека е успешно реализирана заедничка вежба со Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст, во која биле вклучени повеќе полициски единици.

„Имаме убава вежба која ја одработивме со Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст. Вклучени се повеќе полицајци од повеќе единици, презентиравме како би се справиле, со не дај Боже, пожар доколку би настанал во водите на Охридското Езеро“, изјави Тошковски.

Целта на вежбата, како што нагласи министерот, е зголемување на подготвеноста и координираноста на сите надлежни служби во случај на интервенција во водена средина, со особен фокус на превенција и брза реакција при евентуални пожари во и околу Охридското Езеро.

„На ден 26.07.2025 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, во организација на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, во рамки на караванот „До вас, за вас“, се одржа симулациска вежба на тема: „Пожар на пловен објект во Охридско Езеро“. Во вежбата активно учество зема Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Секторот за 112 и Секторот за операции и координација. Секторот 112 ја прими пријавата за настанот, по што следеше координирана комуникација со сите инволвирани субјекти во Системот за управување со кризи, преку Секторот за операции и координација. Покрај ЦУК, во симулацијата активно беа вклучени и:

  • Капетанијата на пристаништата,
  • Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид,
  • Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид,
  • Дирекцијата за заштита и спасување,
  • Црвениот крст на Охрид,
  • Итната медицинска помош Охрид.

Оваа симулациска вежба е уште еден значаен чекор во зајакнувањето на интеринституционалната соработка и зголемување на подготвеноста за справување со кризни ситуации во заедницата“, велат од Центарот за управување со кризи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Срамни услови во Скопје“ – Жестока критика од Италијанската теквондо федерација
Следна Статија Кочанчанец физички го нападнал својот татко

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Војниците ќе добијат нови униформи, чекор по чекор ќе ја промениме ситуацијата од корен

Со години наназад не се купувала борбена униформа за војниците, не се купувале чизми, се даваа толку многу опрема и…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ

Бесир Шабани е нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ, објави Македонската берза. – Ве известуваме дека…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Симулација на вонредна состојба за проверка на капацитетите на МВР и ТАВ Македонија

Симулациска вежба на заложничка криза се одржа денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје на Припадници на специјалните сили на Министерството за…

March 9, 2025
БАЛКАНМАКЕДОНИЈА

Македонските планини: Природно богатство што бара заштита и одржлив развој

Сместена во срцето на Балканот, Македонија е земја на фасцинантни природни контрасти, од живописни рамници до планини што се издигнуваат…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?