Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лидерот на СНС во Охрид се сретна со Мицкоски: Ќе го чуваме нашето пријателство почитувајќи ги двете држави и двата народа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Лидерот на СНС во Охрид се сретна со Мицкоски: Ќе го чуваме нашето пријателство почитувајќи ги двете држави и двата народа
МАКЕДОНИЈА

Лидерот на СНС во Охрид се сретна со Мицкоски: Ќе го чуваме нашето пријателство почитувајќи ги двете држави и двата народа

Објавено July 27, 2025 13:38
Сподели
Сподели

Лидерот на Српската напредна странка (СНС) и поранешен премиер на Србија, Милош Вучевиќ, бил во посета на Охрид, каде се сретнал со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

За средбата Вучевиќ информира преку социјалните мрежи, каде објави заедничко видео со Мицкоски во кое двајцата ги истакнаа своите впечатоци од разговорите.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот на Владата и лидер на најголема македонска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за гостопримството, братството и прекрасното време што го поминавме заедно во историскиот град Охрид, седиште на македонската култура и би рекол на сите христијански и православни култури. Разговараме за тоа да ја подобриме и зајакнеме соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СНС и секако разговараме за српско-македонските односи и вкупните односи на Западен Балкан. Ќе го чуваме нашете пријателство почитувајќи ги двете држави и двата народа, помагајќи си и никогаш не работејќи едни против други“,истакна Вучевиќ.

Премиерот Мицкоски порача дека ваквите средби треба да прераснат во традиција.

„Благодарам за можноста и честа што мојот драг пријател Милош Вучевиќ, ми ја укажа денеска да биде со мене во Охрид, а мене ми беше задоволство да му ги покажам убавините што ги нуди, јас би рекол, не само македонскиот бисер, туку балканскиот, европскиот, светскиот бисер Охрид. Посетивме неколку културни места кои се духовно богатство на православниот свет. Се надевам дека од оваа посета Милош ќе понесе во Србија добри и квалитетни спомени. Ваквите средби можат само да значат добрососедски односи и подлабоко пријателство меѓу двете сестрински партии ВМРО-ДПМНЕ и СНС. Нека ни прерасне ова во традиција, може следната средба да ни биде во некој српски град“,изјави Мицкоски.

Дивно радно суботње поподне у Охриду pic.twitter.com/FaKdtCCOZw

— Милош Вучевић (@milos_vucevic) July 26, 2025
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот
Следна Статија Трајковски освои бронза на Балканијадата во Грција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот, велат од ИЈЗ

Институтот за јавно здравје врши следење на физичко хемиски својства во почва и вода и врши мониторинг на зрачење (радијација)…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кој е Енвер Беџети, судијата кој со Груби заврши на црната листа на САД

Апелациониот судија Енвер Беџети, покрај Артан Груби од ДУИ, е меѓу 14-темина на новиот црн список на Американскиот Стејт Департмент…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Да се реши хаосот со ЈСП: Владата обезбеди нафта од државните резерви

Владата се вклучи во решавањето на проблемот со недостигот на нафта за автобусите на ЈСП Скопје. На денешната вонредна седница…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Инсистирам директорите да преземат мерки за докторите што направиле грешка

Министерот за здравство Арбен Таравари нема намера да ги разреши директорите на Детската клиника и на болницата „Козле“. Денеска на…

October 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?