Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата ветува дека за околу 2,5 милиони евра ќе се зголеми буџетот за поддршка на мали бизниси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Владата ветува дека за околу 2,5 милиони евра ќе се зголеми буџетот за поддршка на мали бизниси
ЕКОНОМИЈА

Владата ветува дека за околу 2,5 милиони евра ќе се зголеми буџетот за поддршка на мали бизниси

Објавено July 27, 2025 13:41
Сподели
Сподели

Министерството за економија и труд бара, а Владата ќе го зголеми буџетот за поддршка на бизнисите при самовработување. За околу 2,5 милиона евра ќе се зголеми буџетот за поддршка на мали бизниси, изјави во Прилеп Марјан Ристески, заменик-министер за екномија и труд.

За проектите за самовработување од пет, буџетот ќе се зголеми на 7,5 милиона евра. Ова зашто е огромен интересот на трите огласи  на Агенцијата за вработување за најатрактивната мерка во обемниот оперативен план за вработување со кој се опфатени 40 проценти млади луѓе. На огласите има околу 6 000 пријави.  Наместо 1.750, државата ќе поддржи 2.600 лица кои ќе почнат свој бизнис, најави Ристески. Министерството за економија и труд на наредната владина седница ќе побара уште пари.

-Според тоа, како Министерство, како предлог, заедно со АВРМ побаравме и очекуваме од Владата прелокација на финансиски средства на наредната владина седница. Очекуваме да се издвојат нови 300 милиони денари кои ќе бидат употребени за оваа најатрактивна мерка, мерката за самовработување. Со тоа бројката би се зголемила на 2 600 лица кои би отвориле сопствен бизнис, претежно млади луѓе до 29 години, но ќе ги опфати и сите активни баратели на работа и над 29 години. Да напоменам дека оваа мерка ќе биде поддржана и со плус 160 милиони денари кои се обезбедени со ребалансот на буџетот. Или, вкупно, овие мерки ќе бидат поддржани со зголемен буџет од над 7,5 милиона евра, изјави Ристески.

Што се однесува до потрошувачката кошничка и нејзиното пресметување, како точка ќе се најде на дневен ред на Економско-социјалниот совет (ЕСС). Од тоа ќе зависи какви мерки ќе преземе Владата. Ристески се надева дека ЕСС ќе биде свикан до крајот на наредната недела.

-Досега интензивно работеше комисијата за одредување на репрезентативност, формирана пред неколку месеци. Меѓуртоа, поради летните одмори, малку беше пролонгирано, но е завршено броењето од синдикатите кои треба да добијат реперзентативност во текот на овој период и се надевам дека до крајот на наредната недела, ќе биде официјално свикан Економско-социјалниот совет со дневен ред. Една од дискусиите ќе биде стапката на инфлација, заштита на животниот стандард и можноста дали и понатаму ќе се одредуваат нови мерки или не. Ние ја следиме ситуацијата и сето тоа ќе биде и сето што ќе биде донесено ќе биде во договор на сите страни кои учествуваат во Економско-социјалниот совет, односно со еден заеднички трипартитен договор, изјави Ристески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Девојче на околу двегодишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро
Следна Статија Ристовски: Пропустите се резултат на неспособноста на една градоначалничка и на одговорните луѓе во МОК!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите, според НБ

Најновите податоци на Народната банка покажуваат во септември годишен пад на просечната каматна стапка на вкупните кредити од 0,08 процентни…

October 31, 2024

Акциите на индискиот оператор на KFC и Pizza Hut Девјани скокаат поради спојување со конкурентниот франшизер Сафир

Два главни франшизери на Yum! Брендс во Индија ќе се спојат за да создадат единствен франшизер за KFC и Pizza…

January 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ДПИ најавува строги казни

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат…

October 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

И мажите и жените да одат во пензија на 67 години, предлага Фискален совет

Во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија на 67-годишна возраст, и за мажите и за…

December 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?