Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МФ: „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата, економскиот раст останува приоритет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > МФ: „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата, економскиот раст останува приоритет
ЕКОНОМИЈА

МФ: „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата, економскиот раст останува приоритет

Објавено July 30, 2025 10:30
Сподели
Сподели

Кредитната агенција „Стандард и пурс“ во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтин на земјата ББ- со стабилен изглед, што воедно е потврда и за политиките на Владата што ги води, а претставува и значаен сигнал за инвеститорите при носење на нивните одлуки за инвестирање. Во извештајот Кредитната агенција посочува дека растот на економијата се забрзува и останува приоритет на Владата, велат од Министерство за финансии.

Во извештајот се наведува дека растот на економијата во оваа година се очекува да биде поддржан главно од потрошувачката на домаќинствата, движен од растот на платите и пензиите, како и од зголемена инвестициска активност, особено во инфраструктурата. При тоа Агенцијата упатува на ризици поради неизвесноста во европската економија како главен трговски партнер на земјата. До 2028 година, Агенцијата проектира дека растот ќе се стабилизира на околу 3%, поддржан од постепено закрепнување на надворешната побарувачка и засилување на инвестициите.

Владата, како што стои во извештајот, продолжува со напорите за спроведување институционални реформи, борба против корупцијата и владеење на правото, коишто се и клучни предуслови за интеграција во ЕУ.

„Стандард и пурс“ истакнува дека економскиот раст за Владата останува главен приоритет, со цел за остварување раст до 5% на среден рок, поттикнат од реализација на амбициозни инфраструктурни проекти како што се Коридорот 8 и 10д и зголемени инвестиции во приватниот сектор. Потоа поефикасна наплата на даноци, како и понатамошно зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор за поддршка на домашната побарувачка. Посочува дека јавната потрошувачка останува експанзивна и упатува на спроведување фискална консолидација, при што потенцира дека со усвоениот ребаланс е потврдена целта за буџетски дефицит во 2025 на 4% од БДП.

-Според Агенцијата со Фискалната стратегија е утврдена постепена фискална консолидација, но Агенцијата очекува одредени ризици со остварување на проекциите. Приходите од почетокот на годината до мај бележат раст од 9% на годишно ниво, водени од поголема наплата на данокот на личен доход, зголемени приходи од акцизи, како и раст на неданочните приходи. На страната на расходите, потрошувачката во истиот период бележи раст за 5%, како резултат на растот на платите во јавниот сектор, тековните расходи и социјалните трансфери. Во однос на долгот посочуваат дека и покрај затегнатите глобални финансиски услови, сервисирањето на долгот останува релативно контролирано, велат од МФ.

Според „Стандард и пурс“, Владата и понатаму е посветена на евроинтеграцијата, процес којшто Агенцијата го истакнува како важен столб за напредок во структурните реформи на среден рок.

Кредитниот рејтинг на земјата „Стандард и пурс“ го оценува два пати во годината.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Ги испуштаме септичките јами во морето, а лежалките чинат 200 евра“: Црногорец објаснува зошто сезоната на Јадранот „пукна“ (ВИДЕО)
Следна Статија Земјотресот во Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трипуновски му врати на Николовски: Нема никаква опасност по ИПАРД-средствата

Случајот со земањето мито од страна на директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој е јасен показател…

November 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Поддршка за поднесување на ДДВ-04 пријави, рокот е до 25 април

Управата за јавни приходи како одговор на барањата на сметководителите и даночните обврзници презема активности со цел обезбедување поддршка за…

April 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нови ЕУ правила: Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат важна промена

Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат нова важна промена — по воведувањето на неодвојливите капачиња, следува уште еден чекор во правец…

October 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Сѐ поголема употреба на дигиталните канали за плаќање во земјата

Дигитализацијата носи значајни промени во начинот на кој граѓаните ги извршуваат своите плаќања. Во последните години, употребата на дигиталните канали…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?