Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027

Објавено July 30, 2025 14:28
Сподели
Сподели

До крајот на 2027 година треба да биде завршена и пуштена во употреба Универзалната сала. До петок ќе биде распишан тендер за реконструкција на салата и градежните работи да почнат откако ќе заврши тендерската постапка односно кон крајот на септември.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска соопшти дека пред две недели поднел информација на седница на Влада за постапките и дека се завршени сите процеси што биле наследени од претходно. Министерството за култура и туризам е инвеститор, но установата останува во сопственост на Град Скопје.

-До крајот на оваа недела ќе биде распишана јавна набавка, процесот трае севкупно 60 дена и потоа почнуваме со изградба на Универзална сала. Се надевам дека до крајот на септември ќе можеме да ги отвориме понудите и да почнеме со процесот на реконструкција. Во динамиката што ја имаме определено во буџетот, би требало да заврши до крајот на 2027 година. Одвоени се околу 20 милиони евра, распределени во три години, информираше Љутков.

Со тој план објектот ќе биде отворен за настаните што ќе се одржуваат во рамки на манифестацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

На средба со новинарите Љутков кажа дека на седница на Влада ќе се одлучи за поддршката – во пари и со простор и ресурси од Министерството за култура и туризам во овој проект што го води Град Скопје и за кој е обврзан да инвестира 25 милиони евра.

Од своја страна, Министерството веќе помага со изградба на седум мултифункционални објекти низ главниот град што ќе овозможат просторни услови за настаните во 2028. Нагласи дека нивната изградба не е предвидена во програмата за проектот „Скопје 2028“ за кој Министерството е поддржувач, а Градот го води целиот процес.

Затоа што им е важно Скопје да не ја загуби добиената титула од Европската комисија, „притискале“, рече, во Град Скопје да се формира координативното тело за проектот кое досега имало неколку состаноци.

-Ние доцниме две години, уште од старт динамиката не е добра. До јануари овој процес беше блокиран, искомуницирав со градоначалничката и го формиравме координативното тело, притискав постојано да побрзаме да се формира за да не ја загубиме титулата, иако тоа не е моја надлежност. Телото има 13 члена, 10 учествуваат од Град Скопје и тројца на предлог на Министерството за култура. Имаат неколку координативни состаноци, но не сме ние водичи на овој проект туку Град Скопје и затоа не би сакал да излегувам со информации за кои немам надлежност. Град Скопје треба да даде повеќе информации, рече министерот.

На средбата со новинарите Љутков додаде дека Град Скопје треба да даде 25 милиони евра, на кои се обврзал, но нема потпишан документ за сума што би требало да ја вложи и Министерството за култура во проектот.

Рече дека претходната министерка ветила дека ќе даде неверојатни 120 милиони евра, и тоа било договорено во тогашната влада, но документот немал официјален потпис. Заедно со 25-те милиони евра од Градот, било ветено дека во манифестацијата ќе вложат 145 милиони евра.

Дури и Европската комисија во забелешка одговорила, рече Љутков, дека е невозможно да се обезбедат толку пари и дека никој толку не инвестирал во проектот Европска престолнина на културата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поднесено обвинение против мотоциклистот кој го усмрти Југослав Николовски
Следна Статија Едномесечно бебе донесено починато на Детска клиника

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопјанецот кој совлада терорист на летот Лондон-Глазгов, не се смета себеси за херој

Храбрата и брза реакција на скопјанецот Зоран Настески кој на летот на авиокомпанијата Изиџет, од Лондон Лутон до Глазгов го…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кога со Захариева преговараа за македонскиот беше нормално: Османи го боли кога чепкаат по албанскиот јазик

Бујар Османи пак е во главна улога.Поранешниот министер за надворешни работи е многу погоден што Уставниот суд се дрзнал да…

December 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Поранешниот директор на СОЗР како лажен новинар присуствувал на меѓувладина седница во Софија

По денешната кривична пријава од Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, против поранешниот директор на…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Институциите доставуваат пријави, но борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и републички обвинител

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и републички…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?