Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема договор за минималец од 500 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нема договор за минималец од 500 евра
ЕКОНОМИЈА

Нема договор за минималец од 500 евра

Објавено July 30, 2025 17:58
Сподели
Сподели

Прашањето за минимална плата од 500 евра и за усогласување на останатите плати било отворено на седницата на Економско-социјалниот совет кој денеска заседаваше по неколкумесечна пауза, но ставот на Владата е дека за зголемување на минималната плата мора да се земат предвид и други параметри и да не се дозволи зголемување на инфлацијата. Од ССМ изразија разочарување, посочувајќи дека минималната плата во земјава ќе остане најниска во регионов.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на прес-конференција по завршување на седницата, рече дека ова прашање било отворено по барање на Сојузот на синдикати, но дека како Влада нема да носат ад хок решенија како претходната влада.

Беше побарано од ССМ да се стави како точка на дневен ред. Како Влада работиме на тоа да се подобри стандардот на граѓаните. Ако се усогласат синдикатите и работодавачите, ќе ги поддржиме, не може да држиме една страна. Во јавната администрација платите се зголемени, во образованието, здравството, полицијата. Нема да ги водиме политиките како претходната власт и да носиме ад хок решенија, треба да ја видиме и продуктивноста и не може да ја зголемиме инфлацијата, рече Дурмиши.

Од Сојузот на синдикати изразија разочарување наведувајќи дека нема изгледи за зголемување на минималната плата.

Она што го слушнавме е дека ССМ многу бара, дека работниците многу бараат. Она што загрижува е дека како за неспремни, беа многу усогласени за да го бранат ставот за незголемување на минималната плата, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов пред Владата.

До средина на месецот, како што најави, ќе имаат седници на највисоките тела на Синдикатот на кои ќе одлучат за следните чекори, но според Трендафилов, мал е временскиот период до распушување на локалните избори, до кој може да се направи нешто. Тоа, според Трендафилов, значи дека работниците во државава ќе останат со најниска минимална плата од сите држави во регионов.

На денешната седница на ЕСС била презентирана и методолигијата по која ќе се пресметува потрошувачката кошничка. Ова, според министерот за економија, не значи негирање на синдикалната кошничка која, како што рече, е посакувана кошничка, а не заснована на реалните потреби на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поранешната претседателка на ДКСК, Димитровска се враќа во Државниот завод за ревизија
Следна Статија Ова се пријавените кандидати за народен правобранител

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Со забрзана динамика се гради автопатот Кичево – Охрид

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска беше на увид на градежните активности на автопатот Кичево – Охрид. Би сакал само…

August 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од следната недела „Визер“ ќе лета од Скопје за Лион и Барселона

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ планира до ноември годинава да ја замени својата флота на авиони од типот „ербас А320“ со моделот…

April 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

САД и Кина го одложија меѓусебното воведување високи царини за 90 дена

Соединетите Американски Држави и Кина одлучија да ги одложат царините за уште 90 дена, додека американските трговци на мало се…

August 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Македонија е сигурна дестинација за германски инвестиции

Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна полтикика која се заснова на рамен данок и партнерски однос на Владата со компаниите…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?