Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Професорот Трајковски: Дали можеме да определиме колкав е профитот на газдите во однос на платите на вработените?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Професорот Трајковски: Дали можеме да определиме колкав е профитот на газдите во однос на платите на вработените?
ЕКОНОМИЈА

Професорот Трајковски: Дали можеме да определиме колкав е профитот на газдите во однос на платите на вработените?

Објавено July 31, 2025 09:46
Сподели
Сподели

Дали можеме да определиме колкав е профитот на газдите во однос на платите на вработените?

Можеме и тоа релативно точно, иако само во просек, како што правиме секогаш во статистиката. За таа цел како појдовна основа ќе го земеме македонскиот БДП (на пример во 2022 година) и неговите компоненти, според доходовниот метод. Овој метод кажува кој, односно што го создава БДП-то (бруто домашниот производ).

Според Државниот завод за статистика (ДЗС), во 2022 година македонскиот БДП изнесувал 816,8 милијарди денари.
БДП (gross domestic product – GDP) го создаваат работниците, за што примаат плати (wages – W), машините преку нивното трошење, односно амортизација (depeciation – D), сопствениците на бизнисите, мерлив преку нето профитот што им останува (П) и конечно државата, преку даноците на производство што ги прибира, односно ДДВ и акцизите (taxes – T).
Ова може да се опише со формулата:

GDP = W+D+П+T
Во 2022 година компонентите на БДП изнесувале:
W = 309,4 милијарди ден. (37,91%)
D = 139,3 милијарди ден. (17,07%)
П = 263,2 милијарди ден. (32,26%)
T = 104,1 милијарди ден (12,77%).

Со други зборови, од 100 единици на БДП, работниците преку платите добиле 37,91%, државата добила 12,77%, сопствениците (по одземањето на сите трошоци, но и отплатата на машините – амортизацијата) добиле 32,26%, а трошењето на машините, односно фиксните средства за производство учествувало со 17,07%.

Амортизацијата претставува посебен трошок за сопствениците и можеме да го разбереме како одделување пари за идна замена на машините, но и како отплата на вложените пари за купување на машините. Годишната амортизација типично изнесува 5% – 10% од набавната вредност, зависно од фиксното средство. Во секој случај, амортизацијата им ја намалува добивката, за конечно да им останат 32,26% како чист профит.

Збирно земено, соодносот на платите и нето профитот изнесувал 37,91 : 32,26 = 1,17 : 1, односно сите вработени заедно добиле речиси исто колку газдата, по одбивањето на сите трошоци, но и отплатата на машините и зградите.

Кај малите фирми, со еден сопственик, практично нема експлоатација на туѓиот труд, односно нема присвојување на вишок на вредност. Но, колку фирмата е поголема, толку ова присвојување на вишок на вредност е поизразено. Да пробаме да најдеме колку изнесува тоа врз основа на дополнителни податоци и проценки.

Во Македонија има околу 70.000 фирми во приватниот сектор, кои учествуваат со околу 80% во БДП на земјата. Вкупниот број на вработени во приватниот сектор (производство и услуги) изнесува околу 400 – 450 илјади. Фирмите со по еден вработен учествуваат со околу 40% – 50% од вкупниот број на фирми (28 – 35 илјади човек-фирми), додека во вкупниот БДП нивното учество е многу мало и изнесува само 5% – 10%.

Оттука заклучуваме дека во останатите 35 – 42 илјади фирми, со повеќе од еден вработен, работаат околу 370 – 420 илјади вработени (средно околу 400 илјади). БДП во овие фирми изнесува околу 70% – 75% од вкупниот БДП, а бројот на сопственици или акционери (од кои најголемите се само еден до двајца по фирма) изнесува околу 50 илјади. Може да се каже дека во просек 8 души работаат за еден газда.

Сумарно, 50 илјади големи акционери или сопственици имаат чист профит во износ од околу 1/1,17 од платите на сите 400 илјади вработени. Кога ќе се подвлече цртата, во просек секој газада или голем акционер зема околу 7 пати повеќе (400/1,17/50) од еден работник, кој во стварност вистински го создава вишокот на вредност, т.е. профит. Кај големите компании овој сооднос е многу (десетици, па и стотици пати) поголем.

Спремноста да се носи ризикот на бизнисот во просек се исплати од 7, па до десетици и стотици пати повеќе од способноста да се работи за плата, иако и таму постои ризик – да се остане без работа.

Очигледно е дека на газдите им останува голем вишок на вредност, а системот, односно државата, тоа го дозволува.
Инаку, во сличен сооднос стојат и бројките на успешни и пропаднати бизниси, околу 1:7, а за жал во Македонија важна компонента на успехот претставува и политичката поврзаност и исцицувањето државни пари од буџетот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поради лоша организација: 12 грчки плажи останаа без синото знаме
Следна Статија (Видео) Илјадници го пречекаа Осимен во Истанбул

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Инфраструктурните проекти, тема на разговор меѓу Силјановска Давкова и Николоски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.Претседателката Сиљановска-Давкова ја поздрави интензивната…

February 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

МАКЕДОНИЈА НА ШЕСТО МЕСТО ПО РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕВРОПА За една година платите пораснаа за10,5%

Недостигот на работна сила и притисокот на инфлацијата ги натера македонските компании значително да ги зголемат платите на своите вработени,…

September 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Жените во Македонија, но и во светот, помалку платени од мажите

На глобално ниво, жените заработуваат во просек 20 отсто помалку од мажите или за секој долар што го заработува маж,…

September 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека очекува до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?