Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

Објавено July 31, 2025 13:39
Сподели
Сподели

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицковски зошто повторно се отвора веќе затвореното прашање за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Дали Мицковски сака да ја врати Македонија во времето на режимот на Никола Груевски, и дали негирањето на македонскиот идентитет од страна на Бугарија денес се користи на ист начин како што Груевски го користеше грчкото вето во 2008 година, како изговор за внатрешна пресметка и задржување на власта, праша Трајчулески.

Во продолжение следува интегрален текст од прашањето:

„Помина нешто повеќе од една година од формирањето на владата предводена од Вмро-Дпмне. После една година практикување на власт, јас сакам да се вратам на почетокот, на денот кога оваа влада беше конституирана во ова Собрание.

Тогаш, од оваа говорница потсетив на главните очекувања кои ги имаат граѓаните од оваа влада, а врз основа на главните политички ветувања кои Вмро-Дпмне ги даваше во текот на предизборната кампања.

Ваши главни политички ветувања во однос на нашите евроинтеграции беа обезбедување на подобрена преговарачка рамка и уставни измени со одложено дејство.

За жал, во текот на оваа година, власта се соочи со политичката реалност, особено во меѓународната политика, и не само што не успеа да обезбеди подобрена преговарачка рамка и уставни измени како што ветуваше, туку нашите меѓународни позиции особено во однос на нашиот европски пат дополнително драматично се влошија.

Наместо подобрена преговарачка рамка, Македонија се соочи со силен ксенофобичен атак од страна на бугарските негатори на македонскиот јазик и идентитет олицетворен во дебатата за Извештајот за Македонија во Европскиот парламент.

Се реотвори прашањето кое беше целосно затворено за 26 земји членки на Унијата, освен за Бугарија. Повторно на маса се става македонскиот јазик и посебност кое беше целосно затворено прашање, со признат македонски јазик и идентитет во сите официјални документи на Унијата.

И денес имаме уште еден предлог од Ваша страна за заедничка резолуција со Бугарија до Европскиот парламент со која би се потврдил македонскиот јазик и идентитет. И замислете, предлагате оваа резолуција да биде поднесена од страна на бугарски европратеници.

Ќе ја цитирам академик Ќулавкова „Да побарате од Бугарија да поднесеме заедничка резолуција за признавање на ноторен лингвистички, научен и културен факт е еден вид руски рулет за Македонија, крајно неодговорен чин.

Или професорката Јачева Улчар која истакнува дека ваквата стратегија на владата носи ризици и може да создаде уште подлабока и потрајна политичка стапица од онаа со Договорот за добрососедство и со Францускиот предлог.

Македонскиот јазик е признат од сите, освен од одредени структури во Бугарија. Македонскиот јазик и идентитет се затворено прашање за 26 земји членки на ЕУ и за целиот свет. Нашиот јазик е признат во сите документи на ЕУ, вклучително во преговарачката рамка.

Ова македонско собрание има донесено Резолуција со која се забранува било кој и било кога да преговара за македонскиот јазик и идентитет.

Ниту вие, ниту јас, ниту било кој политичар смее да го стави на маса постоењето на посебен македонски јазик и идентитет. Немате потреба да го имитирате вашиот политички ментор. Немој да претставувате лажна слика дека сте херои. И во ваше и во наше време, веројатно и во некое идно време ќе постојат бугарски структури кои ќе продолжат да го негираат Македонскиот идентитет. Не постои Македонец, без разлика на политичка припадност кого не го болат ксенофобичните напади на Бугарските европратеници врз Македонскиот идентитет на кои бевме сведоци по повод дебатата во Европскиот парламент за Извештајот за напредокот на Македонија.
Прашањето е кој какви мотиви има. Се ми се чини дека историјата се повторува како фарса. Вам ви треба алиби за прикривање на неспособноста на вашата Влада да испорача политики за подобар живот на граѓаните. Вам очајно ви треба старата испробана поделба на предавници и патриоти. Се разбира вие и Груевски сте патриотите, а сите ние од опозицијата клетите предавници и соработници на Бугарија. Со ваквата непромислена политика, а сакајќи да го компензирате неуспехот на Владата да ги испорача предизборните ветувања, ја правите најголемата политичка стратешка грешка. Моето прашање до вас е: Дали сакате Македонија да ја вратите во 2008 кога Груевски почна да го спроведува режимот? И дали за вас бугарското негирање на македонскиот идентитет во дебатата за Извештајот за Македонија во Европскиот парламент е истиот мотив како што беше грчкото вето на НАТО Самитот во Букурешт за вашиот партиски претходник Никола Груевски?“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ревизија откри низа системски слабости во работењето на ФЗО: Слаба евиденција за дадени аванси за лекување во странство, слаби контролни системи…
Следна Статија Мицкоски: Тоа што не успеаја Тодор Живков и други бугарски политичари со Македонија успеа во време на СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски: Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градноначалник на Скопје

ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува убедлива победа на престојните локални избори, вклучително и во главниот град, вели министерот за транспорт, Александар Николоски…

August 1, 2025
ПОЛИТИКА

Дали се подготвува “Прво граѓанско востание”?

Денес, иако се обидовме, не успеавме да добиеме ниту потврда, ниту негација на веста за можната кандидатура на тандемот Емилијан…

April 16, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ избра нов Централен одбор, ова се членовите

На 30-от Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. „Новиот Централен одбор…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

Падна договор во „Европски“ фронт: Села за Струга, Бујар во Чаир, Таравари за Гостивар

Падна договор во „Европски“ фронт за поделба на кандидати за градоначалничките места. Зијадин Села ќе се бори за Струга (ДУИ…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?