Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Очекувам ЕУ да има јасна стратегија за нас“, вели Сиљановска Давкова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > „Очекувам ЕУ да има јасна стратегија за нас“, вели Сиљановска Давкова
ПОЛИТИКА

„Очекувам ЕУ да има јасна стратегија за нас“, вели Сиљановска Давкова

Објавено October 11, 2024 09:10
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува Европската Унија да има јасна стратегија и за нас по одлуката за одвојување на Албанија.

Не треба, според Сиљановска Давкова, да докажуваме дека отсекогаш сме биле дел од Европа, дека сме компатибилни.

Јас сакам, дали во рамките на Берлинскиот процес, дали во рамките на она што следи сега, ЕУ навистина да манифестира јасна стратегија за нас… Се надевам ќе се создаде конзистентна политика на проширување – со почитување на Копенхагенските критериуми, вели Сиљановска Давкова во интервју на ТВ 21.

Прашана како земјава ќе влезе во ЕУ, Сиљановска Давкова посочува со работа на владеење на правото.

-Тоа ќе се случи најпрво со работа на владеење на правото, најважниот доказ за владеењето на правото е битката безпоштедна со корупцијата и криминалот. Нашата ќе се случи со европски стандарди во образование, здравство, социјална заштита. Добрососедството, не само ние да го покажуваме и докажуваме, туку и нашето соседство, вели Сиљановска Давкова.

Претседателката Сиљановска Давкова, меѓу другото, истакна дека јасно е оти преговарачката рамка нема да се менува.

-Не говорам јас за промена на преговарачка рамка, мене ми е јасно дека гласале сите, јас зборувам за нејзиното спроведување, со интерпретација. Им го кажав и во Обединетите Нации на сите со кои се сретнав дека, ако велат дека Преспанскиот договор е „пакта сунт серванда“, да прочитаат добро што значи Македонија за втората страна – безименава територија, народ, со своја историја, култура и јазик. За што разговараме ние со Бугарија? За историја, за култура, за јазик. Извинете, Грција прво како потписник на Преспанскиот, ама и ЕУ треба да укажат дека – нека си разговараат во комисијата историчарите, ама не може тоа да биде причина за вето, за тоа треба добра волја. Не може констутивен фактор да биде МНР Османи, изјави Сиљановска Давкова.

Референдумското прашање, посочи Сиљановска Давкова, беше дали сте за членство, а не за почеток на преговорите, а ние, нагласи таа, „ниту почнавме преговори, ниту сме членка“.

Бугарија, вели Сиљановска-Давкова има Совет за малцинство, во кое го нема македонското малцинство, како и дека Бугарија е потписник на Конвенцијата на заштита на правата на малцинствата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ден на народното востание – 11 Октомври
Следна Статија Мицкоски: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: Осудуваме секаков вид на националистички испади и говор на омраза

Вчера имаше одличен натпревар во реновирана сала во Куманово каде што и јас лично присуствував. Мора да истакнам дека испадите…

August 3, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Да не беше смешно, ќе беше трагично. Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да…

March 28, 2026
ПОЛИТИКА

Мециновиќ ги побара гласовите на СДСМ, Галетановски му одговори: Влезе во филм јак дека си?

Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, јавно побара гласачите на СДСМ да го поддржат во битката…

October 22, 2025
ПОЛИТИКА

Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно

По барањето на ДУИ за итна оставка и интерпелација на министерот за внатрешни работи поради полициската интервенција за време на…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?