Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николовски: Постигнавме историски успех – во јули највисока месечна наплата на приходи од 12,6 милијарди денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николовски: Постигнавме историски успех – во јули највисока месечна наплата на приходи од 12,6 милијарди денари
ЕКОНОМИЈА

Николовски: Постигнавме историски успех – во јули највисока месечна наплата на приходи од 12,6 милијарди денари

Објавено August 1, 2025 16:31
Сподели
Сподели

„Во јули постигнавме историски успех. Остваривме највисока месечна наплата на приходи во историјата на Царинската управа – 12 милијарди и 641 милион денари или 205,54 милиони евра! По прв пат ја надминавме недостижната бројка од 12 милијарди денари. Тоа не е само бројка – тоа е пресвртница. Минатата година, во истиот месец – јули 2024 – наплатата изнесуваше 11 милијарди и 993 милиони денари, или само чекор до неа. Годинава ја надминавме, 5,4 проценти раст или 10,5 милиони евра повеќе од рекордната наплата што ја остваривме тогаш. Царинската управа постави нови, повисоки стандарди, јасни и високи цели и веќе покажува континуитет во работата“, истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски на прес-конференција.

Николовски информира дека зголемената наплата се должи на зголемен обем и вредност на увозот на машини, дел од електрични машини и опрема, моторни возила, како и на зголемена количина на нафтени деривати пуштени во слободен промет. Воедно како дел од причините ја истакна зајакнатата контрола и координација со другите институции, партнерскиот однос со компаниите – учесници во царинските постапки, унапреденото управување со процедурите, но пред сè – вложениот труд на секој вработен во Царината и испорачување на тимски резултати.

„Ова е новиот систем на вредности во Царинската управа. Систем што не бара изговори, туку решенија и резултати. Одржлив систем што ќе го разобличи криминалот и ќе ја издигне економијата на државата. Ние не си поставивме цел само да бидеме подобри од претходното раководство. Поставивме цел да бидеме подобри од себе си – секој ден, секој месец, секоја година. Патот беше тежок. Потребно беше да се изградат одново темелите – разнишани од несоодветни практики и недоверба. Но, со чесност, тимска работа, дисциплина и нов систем на вредности, покажавме дека е можно да се работи поинаку. Докажавме дека Царината може да биде симбол на ред, доверба и просперитет“, потенцира директорот Николовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 12-годишно девојче од Кина освои медал на Светското првенство во пливање
Следна Статија Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба е стабилна и под контрола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нови цени на горивата

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар по…

February 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

Потпишан е договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Изградбата ќе трае 22 месеци, а гасоводот ќе биде во…

May 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА

Зелениот Картон (ЗК) е сеуште неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и…

November 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Агенцијата „Фич“ повторно ја оцени Македонија со „ББ+“

Стабилноста на девизниот курс на денарот, којашто се одржува благодарение на кредибилните и конзистентни политики, е еден од клучните фактори…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?