Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Македонија прва во регионот целосно ќе се покрие со полначи за електрични возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Македонија прва во регионот целосно ќе се покрие со полначи за електрични возила
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија прва во регионот целосно ќе се покрие со полначи за електрични возила

Објавено August 2, 2025 10:02
Сподели
Сподели

Македонија ќе биде првата држава во регионот каде насекаде ќе има достапни полначи за електрични возила, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во интервјуто на ТВ Њузмакс Балкан.

„Тука сме пионери. Заедно со Европската банка за обнова и развој моментално избираме консулатант кој што треба да направи студија. После таа студија да се имплементира. Мојата идеја е некаде на почетокот на вториот мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе Македонија да е Е-мобилна. Односно да има можност за електрични возила буквално на секој агол во државата. Тоа е со цел граѓаните повеќе да не се грижат каде и колку е оддалечена следната станица за полнење. Туку на едно пристојно растојание не повеќе од 10 км да има полнач” – истакна вицепремиерот Николоски.

Во контекст на намалување на аерозагадувањето, вицепремиерот зборуваше и за планот на Владата за набавка на 120 електрични автобуси, од кои 80 ќе бидат наменети за главниот град, а останатите 40 за општините во државата. Тој појасни дека првичниот тендер е поништен зашто што пријавениот понудувач не ги исполнувал поставените услови во јавниот повик.

„Сега работиме во рамки на министерството, идентификуваме како може да се зголеми конкуренцијата, а од стандардите нема да отстапиме, затоа што многу е лесно да купите дизел автобуси или автобуси кои што загадуваат, нашата цел е да купиме еколошки електрични автобуси кои што ќе ги исполнуваат сите стандарди, и затоа за брзо време ќе излеземе со планови во таа насока” додаде вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВО ЖИВО: Чествување на големиот празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден во Скопје
Следна Статија Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Митева: Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање

Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање. Предлогот кој вчера наиде на бројни критики од страна на…

December 3, 2024

Пазар на акции: Nasdaq забележа пад; AMD се намалува по извештајот за заработувачка

Преглед на тековните движења на финансиските пазари и влијанието врз технолошкиот сектор

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

„Аџет“ почна со сезонски летови од скопскиот аеродром до Анкара, Чукурова и до Дијарбакир во Турција

Меѓународниот аеродром „Скопје“ од 1 јуни се поврза со уште три града во Турција. Авиокомпанијата „Аџет“ изминатиов викенд почна да…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ДПИ најавува строги казни

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?