Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Борко Ристовски треба да си поднесе оставка за резил олимпијада и за хаосот во спортот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Борко Ристовски треба да си поднесе оставка за резил олимпијада и за хаосот во спортот
ПОЛИТИКА

СДСМ: Борко Ристовски треба да си поднесе оставка за резил олимпијада и за хаосот во спортот

Објавено August 3, 2025 11:10
Сподели
Сподели

Македонија беше понижена, посрамотена и претставена како земја од 19-от век пред очите на меѓународната спортска јавност и тој резил со Младинската олимпијада е најголемиот дебакл во поновата спортска историја на државата, велат од СДСМ.

„Не е само катастрофалната организација, катастрофални се и резултатите на македонските спортски федерации, кои го одразуваат општото пропаѓање на спортот со оваа Влада и Ристовски како министер.

И додека најгордата Влада немала пари за соодветно сместување, вода, превоз, храна, клима-уреди и достоинствени услови за олимпијците имала за ПР и маркетинг!

Вработени во ПР-компанијата „ИДЕА Лаб“, чиј сопственик е близок до ВМРО-ДПМНЕ, добиле бизниси поврзани со олимпијадата, од маркетинг до менаџмент на социјални медиуми.

Значи има пари за ПР ама нема за основни услови за спортистите. Срамно и бедно.

Човекот кој пред неколку месеци ја убедуваше јавноста дека ќе организира „најдобра Младинска олимпијада во светот“ не може да побегне од одговорноста.

И не е само резил олимпијадата. ВМРО-ДПМНЕ и Борко Ристовски го деградираа и целосно го запоставија македонскиот спортот.

Намелена е поддршка на спортот на историски најниско ниво. Наместо 15 милиони евра субвенции, со ребаланост на буџетот поддршката се намали на само 6,7 милиони евра – најмалку досега.

Секој клуб, секоја федерација, секој спортист добива 40% помалку директна поддршка.

И сè уште нема отчет како се распределуваат тие пари.

Борко Ристовски е министер кој стана капитен на распадот во македонскиот спорт.

На Ристовски му стана поважна министерската фотелја отколку принципите по кои некогаш настапувал. Денес не ги поддржува спортистите, туку ги брани интересите на своите партиски шефови.

Бараме неотповиклива оставка од Борко Ристовски – веднаш!

Не само поради скандалот со Младинската олимпијада, туку и поради системското уназадување на македонскиот спорт. Одговорност мора да има!“, стои во соопштението на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонците најмногу трошат на храна, пијалаци и тутун
Следна Статија Французите открија каква улога ќе има Новак во Ле Ман

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ: Гробиштата на Блаце не се место за казино

На гробиштата во Блаце се одвиваат градежни работи на парцела која, според официјалните податоци, фигурира како сопственост на компанијата Flamingo…

April 25, 2026
ПОЛИТИКА

Како Филипче се обиде да заработи од вакцини за време на короната

Експертот за кризи, хирургот на Заев, Филипче, човекот кој во време ковид кризата, наместо набавка на ракавици, каљачи, маски и…

March 9, 2026
ПОЛИТИКА

Костадиновска-Стојчевска: Лажеа и за името и за јазикот, СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик

Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска,…

March 23, 2026
ПОЛИТИКА

Димитриевски-Рокас: Реформите во администрацијата и правосудството покажуваат дека Владата е на вистинскиот пат

Претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска во просториите на партијата, остварил средба со амбасадорот на…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?