Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фатмир Етеми се соочува со затворска казна до 5 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Фатмир Етеми се соочува со затворска казна до 5 години
ХРОНИКА

Фатмир Етеми се соочува со затворска казна до 5 години

Објавено October 11, 2024 13:10
Сподели
Сподели

Кривичната пријава за бизнисменот Фатмир Етеми предвидува затворска казна до 5 години.

МВР поднесе кривична пријава против еден од најголемите бизнисмени во Македонија кој е важен играч во секторите градежништво и банкарство.

Етеми, доколку пријавата од МВР биде соодветно процесирана ќе одговара за злоупотреби при тргување со акции.

Етеми како дел од раководството на Комерцијална банка, ја дознал висината на дивидендата и заедно со своето семејство купил дополнителен број на акции

На ден 10.10.2024 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за финансиски криминал во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична пријава против лицето Ф.Е. од Скопје, за сторено кривично дело „Измама при работењето со хартии од вредност и удели по чл. 275 ст. 3 од КЗ.
Пријавениот во својство на член на Надзорен одбор на банка од Скопје, злоупотребил внатрешна информација која се однесува на висината на дивидендата за 2023 година, која како член на надзорен одбор ја дознал во текот на 2024 година. На тој начин користејќи ja ценовно чувствителнaта информација истиот се стекнал со 500 обични акции, по просечна цена на чинење на акција од 16.400,00 денари или вкупно за акциите платил 8.200.000,00 денари.

Кривично пријавениот сензитивните информации ги пренел и на трети лица поточно на членови на негово потесно семејство со што истите ја искористиле информацијата на начин што купиле 701 хартија од вредност (акција) на банката, по цена пониска од цената која што ја достигнала хартијата од вредност (акција). Односно за акциите биле вкупно платени вкупен износ од 11.520.967,00 денари, а овозможило да се стекнат со вкупна корист од 639.000,00 по основ на ценовната промена на акцијата како и вкупно 646.100,00 денари по основ на дивиденда. Со ова лицето Ф.Е прибавил противправна имотна корист за себе и за членовите на неговото семејство и на тој начин сторил кривично дело „Измама при работењето со хартии од вредност и удели по чл. 275 ст. 3 од КЗ – се вели во информацијата од полицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петмина туристи се интубирани поради грешка на грчки бармен- им ставил детергент во пијалокот
Следна Статија Добитник на Нобеловата награда за мир е организација на преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и на Нагасаки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Избил пожар во единствената градинка во Железара „Детска радост“ – „Калинка“, причината е болјерот во кујната

Вчера утрото избил пожар во кујната во клонот на градинката „Детска радост“ - „Калинка“ во населбата Железара - општина Гази…

November 14, 2024
ХРОНИКА

Фантомски фирми ја оштетиле државата за четири милијарди денари

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, истакна дека УЈП ја завршиле истрагата и наодите со целокупната документација сега…

February 28, 2025
ХРОНИКА

Си ја нападнал малолетната ќерка, ја тепал сопругата и се заканувал

Во СВР Скопје, 29-годишна жена од скопско, пријави дека на 10.01.2026 во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била…

January 17, 2026
ХРОНИКА

Тешко повреден малолетник: Жена го удрила со автомобил на пешачки премин, па избегала

На 05.03.2025 во 13:30 часот во СВР Велес извршен е службен разговор со 43-годишната В.В. од Велес. Имено, во 06:55…

March 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?