Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петмина туристи се интубирани поради грешка на грчки бармен- им ставил детергент во пијалокот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Петмина туристи се интубирани поради грешка на грчки бармен- им ставил детергент во пијалокот
БАЛКАН

Петмина туристи се интубирани поради грешка на грчки бармен- им ставил детергент во пијалокот

Објавено October 11, 2024 12:50
Сподели
Сподели

Двајца британски туристи се хоспитализирани откако шанкерка во Грција наместо алкохол им послужил производ за чистење.

Тие се меѓу петте мажи, сите на возраст меѓу 35 и 69 години, кои тешко се разболеле веднаш откако го конзумирале детергентот.

Инцидентот се случил во луксузен хотел во селото Гувес, Крит, во раните утрински часови во саботата додека групата се забавувала со персоналот во барот.

Двајца Британци, еден Германец и двајца Холанѓани нарачале ципура, односно цикудија, традиционален критски пијалок.

Шанкерката им послужила течност од шише кое го нашла во фрижидерот.

Си сипала и чаша за себе, но немала време да ја испие бидејќи гостите на хотелот се чувствувале лошо, пишува Метро.

Сите петмина се итно пренесени во болница, каде што се сместени на одделението за интензивна нега.

Четворица од нив се префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде се интубирани и дишат преку апарати.

Во меѓувреме, петтото лице кое се здобило со оток на гркланот, итно е префрлено на одделението за интензивна нега во болницата Венизели.

Локалните медиуми објавија дека менаџерот на хотелот бил уапсен додека полицијата започнала истрага за тоа што се случило.

Во меѓувреме, течноста е запленета и ќе биде проверена од надлежните, но прелиминарните испитувања покажале дека се работи за детергент за чистење.

Локалот исто така е затворен додека се спроведува истрага и повикани се локални служби за здравје и безбедност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицијата и Обвинителството влегоа во зградата во Чаир која гореше цел ден
Следна Статија Фатмир Етеми се соочува со затворска казна до 5 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Три куршуми во плик до Дачиќ: полицијата го откри испраќачот

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека при редовното сортирање на поштата во зградата на Владата е откриен плик адресиран…

August 29, 2025
БАЛКАН

За 72 часа Санторини го погодија 39 земјотреси посилни од 4 степени според Рихтер, околу 9.000 луѓе го напуштија островот

Сеизмичката бура на Санторини не престанува. Познатиот грчки остров во последните 72 часа го погодија дури 39 земјотреси посилни од…

February 4, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Ќе се сретнам со Трамп, Путин и Си, кој друг може да го направи тоа?

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека ќе отпатува во Москва на 8 мај за да го одбележи Денот на победата,…

May 2, 2025
БАЛКАН

Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат

Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија денеска со јавно писмо ги поддржаа студентите во нивните протести и барања, а…

January 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?