Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот
ХРОНИКА

Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот

Објавено August 4, 2025 11:01
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против две лица, од кои едното е осомничено за обид за убиство и насилство, додека вториот осомничен му помогнал да го изврши обидот за убиство.

„На 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот автомобил БМВ Х6 го попречил патот на Фолксваген голф 7 во кој се превезувал оштетениот и уште едно лице. Двајцата осомничени излегле и се упатиле кон оштетените и ги нападнале физички, најпрво удирајќи ги со боксови. Во еден момент првиот осомничен извадил нож и му нанел повеќе убодни рани на оштетениот во стомакот, надлактицата и вратот, со што му предизвикал тешки телесни повреди. За тоа време вториот осомничен извикувал и го поттикнувал да го доврши делото“, соопшти обвинителството.

Сведокот-оштетен се обидел да ги оттргне и да ги спречи, па првиот осомничен и врз него извршил насилство, расекувајќи го со ножот на раката и предизвикувајќи чувство на загрозеност и страв во јавноста.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово
Следна Статија „Зелен хуман град“ почнува со собирање потписи за основање партија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Дарлишта од ДУИ во обид за бегство од полицијата, фатен на Долно Блаце

Бујар Дардишта од ДУИ не успеа да биде како Артан Груби, уапсен е при обид за бегство на граничниот премин…

December 18, 2025
ХРОНИКА

Кривична за дедото што го уби кучето на соседот

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83) од струшкото село Мислешево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело…

December 2, 2024
ХРОНИКА

Тројца приведени во врска со пукањето во Тетово

Три лица се приведени во врска со вчерашната вооружена престрелка во Тетово во која едно лице беше убиено, а четворица,…

August 11, 2025
ХРОНИКА

Девојка со посебни потреби нападната во хотел, насилникот приведен

На 19.08.2025 во 12:10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Ц.(36) од Тетово, постапувајќи…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?