Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

Објавено August 4, 2025 13:12
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски најавува мерки поврзани со училишната кошничка, а вели дека се разгледуваат и неколку концепти за цените во маркетите, како и законските можности да се санкционираат оние субјекти кои во изминатиот период драстично ги зголемиле цените.

Во изјава за медиумите дадена денеска по почетокот на изградба на спортска сала во Воената академија во Скопје, Мицкоски рече дека се прави анализа за да се види за колку е зголемено се она што беше ограничено со мерките.

Ги следиме цените во овие два месеца откако завршија мерките и правиме анализа на се она што беше ограничено за да видиме за колку наеднаш одредени правни субјекти ги зголемиле цените. Ќе излеземе пред нив со детална анализа за да им укажаме дека таков тип на однесување не само што нема да толерираме, туку и ќе ги искористиме сите законски можности што ни стојат на располагање – истакна Мицкоски.

Повтори дека се анализираат неколку модели коишто во одредени сегменти биле успешни и дека целта е овој пат да има целосно сценарио со кое ќе се стабилизираат цените.

Државниот завод за статистика пресмета дека во јуни цените на мало бележат годишно зголемување од 3,7 проценти, а инфлацијата дека е зголемена за 4,5 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 6.9 милијарди долари: Меријен Илич која има македонско потекло е трета најбогата жена во светот
Следна Статија Мисајловски: Набавката на италијанските хеликоптери е во тек, тие ќе можат да дејствуваат и на пожарите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

October 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Лебот и зејтинот нема да поскапат

Лебот нема да поскапи, рече денеска претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Горан Ѓорѓиевски. Како што истакна на прес-конференција,…

September 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Откупот на тутунот почнува на 15 ноември

Привршуваат подготовките за стартот на откупот на тутунот, кој законски почнува од 15 ноември и трае до 28 февруари наредната…

November 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

МЖ Транспорт продолжува непречено да работи, проблемите надминати, платата исплатена

Железничкиот сообраќај во државава од попладнево се нормализира целосно откако по делумниот бојкот во кој стапи вчера дел од машинскиот…

January 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?