Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мисајловски: Набавката на италијанските хеликоптери е во тек, тие ќе можат да дејствуваат и на пожарите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мисајловски: Набавката на италијанските хеликоптери е во тек, тие ќе можат да дејствуваат и на пожарите
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Набавката на италијанските хеликоптери е во тек, тие ќе можат да дејствуваат и на пожарите

Објавено August 4, 2025 13:18
Сподели
Сподели

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во одговор на новинарски прашања рече дека набавката на хеликоптерите од италијанскиот производител „Леонардо“ е во тек, во моментов се работи на отстранување на правни предизвици.

-Набавката е во тек, знаете дека претходната влада ја има потпишано таа набавка, има многу правни предизвици. Во овој момент се исплати втората рата од 70 милиони евра. Ние со адвокатска компанија работиме секојдневно за отстранување на секој еден предизвик што го имаме, рече Мисајловски.

Тој посочи дека хеликоптерите ќе имаат можност да дејствуваат на сите видови пожари и има опрема што дополнително се става на овие хеликоптери.

-Набрзо очекуваме да имаме работна посета на Италија, каде што ќе видиме на место што се е направено и транспарентно ќе објасниме до каде е целата постапка, истакна Мисајловски по поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“.

Договорот за набавка на нови осум транспортни хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо“ за потребите на Армијата, вреден 249,5 милиони евра, беше потпишан од претходната влада лани во март.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите
Следна Статија Поставен камен-темелникот на новата спортска сала во Воената академија во Скопје (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Одомаќинетата корупција во државата го попречува патот кон ЕУ

Одомаќинетата корупција во државата го попречува патот кон ЕУ. Денеска заменик амбасадорот на ЕУ за Македонија, ги потсети крупните политички…

April 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Директорот на Зоолошка да си поднесе оставка, умираат животни под сомнителни околности

Скопската Зоолошка градина во Скопје последниве три години е место каде умираат животни во сомнителни околности. Зоолошката е веќе позната…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Оставам на Обвинителството дали по допрен глас ќе преземе мерки за следењето од безбедносните агенции

Премиерот Христијан Мицкоски очекува од Јавното обвинителство по допрен глас да преземе мерки во врска со информациите кои ги изнесе…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ќе има порака и за тие што ja пречекориле брзината во рамки на толеранцијата, но без казни

Од утре стартува примената на „Безбеден град“. Повеќе нема да има опомени за оние кои што ќе сторат прекршок, туку…

January 31, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?