Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поставен камен-темелникот на новата спортска сала во Воената академија во Скопје (ФОТО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поставен камен-темелникот на новата спортска сала во Воената академија во Скопје (ФОТО)
МАКЕДОНИЈА

Поставен камен-темелникот на новата спортска сала во Воената академија во Скопје (ФОТО)

Објавено August 4, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Денеска, заеднички испишуваме ново поглавје во развојот на спортската инфраструктура и вложувањата во младите кадри – истакна министерот за спорт, Борко Ристовски, на свеченоста по повод почетокот на изградбата на новата спортска сала во рамки на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.

Министерот Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, го означи почетокот на изградбата на спортскиот објект кој, првенствено, ќе биде наменет за обука на питомците, но ќе биде достапен и за учениците и жителите на општина Аеродром.

Овој проект е резултат на воспоставената соработка и потпишаниот меморандум меѓу Министерството за спорт и Воената академија, со цел унапредување на спортските активности во рамките на образованието и обуката на воените питомци.

– Поставувањето на камен-темелникот за новата спортска сала претставува и симболичен и суштински чекор кон подобрување на условите за физичка подготовка на питомците од Воената академија. Оваа сала не е само спортски објект туку и училиште каде што ќе се негуваат дисциплината, тимската работа – вредности кои се подеднакво важни и за спортот и за воената служба. Како

Министерство за спорт, остануваме целосно посветени на создавање современи, функционални и достапни услови за спортување – потенцираше Ристовски. Министерството за спорт е инвеститор на овој капитален објект, со вкупна вредност од 64.780.000 денари. Рокот за изградба е две години од денот на поставување на камен-темелникот, но министерот Ристовски изрази уверување дека салата ќе биде завршена и пуштена во употреба и пред предвидениот рок. Проектот се реализира во соработка со Министерството за одбрана и со поддршка од Владата.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски во оваа прилика нагласи дека после 30 години за прв пат се гради нов објект во Воената академија кој ќе биде од особено значење за развојот на военото спортско образование, за питомците и за студентите, но и за целата Армија.

-Не застануваме тука ќе продолжиме со многу други проекти – рече министерот Мисајловски и додаде дека на последната седница на Владата се донесе одлука и за реконструкција односно проект за Домот на АРМ, хотелот „Шар“ на Попова Шапка.

Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека овој спортски објект кој првенствено ќе го користи армијата, ќе биде од отворен тип.

-Оваа спортска сала ќе ја користат питомците од Воедната академија, армијата, но ако има слободни термини таа ќе биде отворена и за спортски активности на ученици и граѓани од општина Аеродром. Иако рокот за изградба е две години, министерот Ристовски е оптимист дека салата ќе биде готова и догодина ќе може да ја пуштиме во употреба – изјави Мицкоски.

Новата сала ќе биде со димензии 45×30 метри, со стандарден терен за ракомет, кошарка и одбојка, трибина со капацитет за 400 гледачи, соблекувални и дополнителен подтрибински простор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски: Набавката на италијанските хеликоптери е во тек, тие ќе можат да дејствуваат и на пожарите
Следна Статија МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Oва се 22-те нови дестинации од скоппскиот и охридскиот аеродром

Отворени се 22 нови авиолинии што ја поврзуваат Македонија со цела Европа, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе одржи прес-конференција

Денеска 16.03.2025 година (недела) во 18:00 часот претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција во Медија центарот…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сензори ќе ја ловат бучавата во Центар, започна поставувањето на 30 дигитални уреди

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување дигитални индикативни уреди на местата со…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес е Благовец, ова се народните верувања и обичаи

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?