Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Србија ја обвини Бугарија за длабока шпионажа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Србија ја обвини Бугарија за длабока шпионажа
БАЛКАН

Србија ја обвини Бугарија за длабока шпионажа

Објавено August 5, 2025 19:52
Сподели
Сподели

Српски „истражувачки филм“, чиј прв дел е емитуван во Белград, посочува бугарски научници и дипломати како дел од моќна шпионска мрежа што учествувала во организирањето на „обоената револуција“ во Србија, објави БГНЕС.

Во „Универзитетска завера“, како што е насловен првиот дел, Бугарија е наведена прва како земја што учествувала во „институционалното уништување и дехуманизација“ на Александар Вучиќ. Филмот посветува посебно внимание на Универзитетот во Ниш. За професорката Наталија Јовановиќ, која е пранешен ректор на Филозофскиот факултет, се вели дека била под директна контрола на Бугарија, па именувана е како „оперативен лидер на шпионската ќелија“. Директно се споменува поранешниот бугарски конзул во Ниш, Георги Јуруков, преку кого таа „создала длабок канал со бугарските медиуми и универзитетски кругови, вклучително и со професор Христо Бонджолов од Универзитетот во Трново“. Во филмот се наведува дека професорката потпишала бројни договори со бугарски образовни институции и на тој начин им дозволила на странски финансиски играчи директно да учествуваат на Филозофскиот факултет во Ниш, без знаење на надлежните образовни институции.

За шпионажа и учество во субверзивна мрежа директно се обвинуваат и други личности од Србија и Бугарија, а по нападите врз бугарската држава, дипломатите и научниците, во филмот почнува кампањата против хрватските, британските, германските и американските дипломатски мисии и служби, за кои работат „локалните предавници и агенти“.

Авторите на оваа „истрага“ се познати по уште една слична „анализа“ во која се негира геноцидот во Сребреница, извршен од босанските Срби во 1995 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Започна дводневната обука на кандидатите за пожарникари
Следна Статија Џен од Алжир е девојчето најдено мртво на плажа во Грција, мајката е обвинета за убиство со умисла

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Босанец се фалел на социјалните мрежи како вози со нозете – го стигна казна (ВИДЕО)

Возач од Коњиц се пофалил на социјалните мрежи дека возел автомобил со нозе! Откако видеото стана вирално, тој бил уапсен,…

September 5, 2025
БАЛКАН

Вучиќ и Путин разговарале по обвинувањата дека Србија ја снабдува Украина со оружје

Коментирајќи ги обвинувањата од Русија дека српските воени компании ги снабдуваат Украинците, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека за ова…

May 30, 2025
БАЛКАН

(Видео) Вучиќ рече „ќе ги намалиме потрошувачките кредити“, а потоа замолчи и ја смени темата

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера од Палатата на Србија презентираше нов пакет економски мерки за подобрување на животниот стандард на…

August 25, 2025
БАЛКАН

Депортираните од авионот во Тиват планирале „спонтани собири“ во поддршка на Вучиќ во Црна Гора

Според Nova.rs, група српски граѓани на кои им беше забранет влез во Црна Гора планирале да организираат неколку собири во…

June 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?