Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 50 мигранти протерани од САД ќе дојдат во Косово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > 50 мигранти протерани од САД ќе дојдат во Косово
БАЛКАН

50 мигранти протерани од САД ќе дојдат во Косово

Објавено August 6, 2025 13:45
Сподели
Сподели

Косовската претседателка Вјоса Османи добила писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое тој „ѝ се заблагодарува за нејзината посветеност и пријателство“ кон САД и изразува желба за продлабочување на соработката во наредните години, објави косовското претседателство.

Трамп напишал во писмото, според соопштението, дека одлуката на Косово да прифати граѓани од други земји ја покажува нејзината „силна подготвеност“ за соработка со САД и дека „лидерството по ова прашање ја покажува силата и сочувството на народот на Косово“.

Во јуни, владата на Косово објави дека ќе понуди привремена заштита на 50 лица од трети земји, како дел од соработката со САД. Стејт департментот на САД потврди дека земјите од балканскиот регион се вклучени во контакти во рамките на пошироката стратегија на САД за депортирање на странски државјани без регуларен статус.

Во своето писмо, според косовското претседателство, Трамп додал дека „САД и Косово имаат длабока врска, заснована на меѓусебно почитување, споделени демократски вредности и визија за мирна и просперитетна иднина. „Вашата посветеност на зајакнување на оваа врска не остана незабележана и уверен сум дека заедно ќе продолжиме да ги унапредуваме нашите заеднички цели“, напишал Трамп. откако претходно одреди нови трговски тарифи и за Косово.

Според соопштението, Трамп и се заблагодарил на Османи за нејзиното „храбро водство и за тоа што стои ткако вистински пријател на САД. Со нетрпение очекувам да соработувам со вас во годините што доаѓаат“.

За време на посетата на САД во јули, претседателката Османи рече дека Косово е многу заинтересирано за нов вид односи со САД, односи што ќе се базираат повеќе на економски интереси, а таа ги издвои енергетиката, одбраната и информатичката технологија како клучни области за заеднички развој.

Во меѓувреме, на 1 август, владата на Косово ја укина царината од 10 проценти за американските стоки.Османи по одлуката, во објава на X упатена до Трамп и американскиот народ, рече дека Косово „е ваш доверлив партнер во напорите Америка и нејзините сојузници да бидат силни, безбедни и попросперитетни“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Кина го гради највисокиот мост во светот: Погледнете како ја „пресекуваат“ планината за автопатот
Следна Статија Бил и Хилари Клинтон повикани на конгресно сослушување за сексуалниот престапник Епштајн

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Студентите во Србија кои организираат блокади, ги повикаа граѓаните в недела на протести пред Уставниот суд

Студентите кои организираат блокади во Србија ги повикаа граѓаните да им се придружат в недела, на 12 јануари, на протест…

January 8, 2025
БАЛКАН

Бугарскиот парламент едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија со 227 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ денеска ја прифати оставката на владата на…

December 12, 2025
БАЛКАН

Брнабиќ: Вучиќ има поголемо влијание во светот отколку што имаше Тито

Лидерите на двете моментално најголеми светски сили, кинескиот претседател Ши Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп, го покажаа својот личен…

June 3, 2026
СВЕТ

Трамп: Ова нема да ме одврати од војната во Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп по вооружениот инцидент на синоќешната вечера со дописниците од Белата куќа изјави дека тоа нема…

April 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?