Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граничниот премин Евзони за влез во Грција дневно го поминуваат околу 25.000 лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Граничниот премин Евзони за влез во Грција дневно го поминуваат околу 25.000 лица
БАЛКАН

Граничниот премин Евзони за влез во Грција дневно го поминуваат околу 25.000 лица

Објавено August 6, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Дневно поминуваат околу 25.000 луѓе и излегуваат околу 15.000, вели за грчката државна телевизија ЕРТ претседателот на полициските службеници од Кукуш (Килкис) Плутархос Елефтериадис за граничниот премин Евзони/Богородица, каде што во одредени денови за влез во Грција се создаваат редици автомобили со туристи, како од нашата земја, така и од државите од регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

ЕРТ, во прилогот од граничниот премин коментира дека секојдневно има гужви на Евзони со туристи од Балканот кои ја посетуваат северна Грција, додека пак претседателот на полициските службеници објаснува дека се обидуваат да одговорат на зголемениот проток на возила и посочува дека само во текот на изминатиот викенд околу 50.000 туристи влегле кај јужниот сосед преку конкретниот граничен премин.

Додаде дека оваа година има дополнителен број полициски службеници и се отворени девет шалтери за влез во Грција и шест на излез.

– Позитивно е што оваа година имавме мало зајакнување и ова многу помогна и за да биде одморен полицискиот персонал што работи секојдневно, посочи Елефтериадис.

 

Според ЕРТ, за време на летната сезона на граничниот премин Евзони ангажирани се полицајци од северна Грција и нивниот број достигнува до 65, а во секоја смена од грчка страна работат 12 до 18 полициски службеници поради зголемениот број туристи

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Седум намирници за природна детоксикација на црниот дроб: Ги чисти мастите и ги исфрла токсините
Следна Статија Уапсен Германец во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Возачот кој прегази студентка во Белград обвинет за тешко убиство во обид

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека осомничениот за газење студентка на улицата „Рузвелтова“ е пронајден во рок од…

January 16, 2025
БАЛКАН

Самарас исфрлен од „Нова демократија“

Поранешниот премиер Андонис Самарас (73) е исклучен од владејачката партија Нова демократија бидејќи ги критикувал одлуките на владата за односите…

November 17, 2024
БАЛКАН

Цените на становите во Белград скокнаа до 167 проценти, нема квадратен метар под 1.000 евра

Минималните цени по квадратен метар на становите во Белград забележаа драстичен скок во првиот квартал од 2025 година, според податоците…

July 26, 2025
БАЛКАН

Денешниот студентски протест е во Ниш, ќе трае до 3 часот по полноќ

Протест на српските студенти насловен „Голем едикт“ денеска ќе биде одржан во Ниш, што ќе трае 18 часа – од…

March 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?