Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Земјоделски здруженија и тутунари не се согласуваат со измените во Законот за тутун
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Земјоделски здруженија и тутунари не се согласуваат со измените во Законот за тутун
ЕКОНОМИЈА

Земјоделски здруженија и тутунари не се согласуваат со измените во Законот за тутун

Објавено August 6, 2025 14:46
Сподели
Сподели

Забраната на увоз на суров необработен тутун во периодот на откупот на тутунот во нашата држава со ништо нема да ја смени откупната политика на тутунските компании во државата. Земјоделски здруженија и тутунари веќе искажуваат јавно несогласување за измените во Законот за тутун.

Додека трае откупот на домашната реколта тутун, нема да се увезува тутун од странство. Забраната за увоз на ароматичен тутун додека трае откупот, како и можноста освен досегашните четири откупни компании, сите да може да го преработуваат и да го извезат откупениот тутун. Вакви измени се донесени по брза постапка за да може да се применуваат веќе од годинашнава откупна кампања, соопшти МЗШВ. Измените во Законот за тутун поминаа во Собранието и од 29 јули, со објавување во Службен весник, се на сила. Годинава поради сушата се очекува намален род на тутунот за 30 до 40 проценти. Иако откупувачите и тутунарите потпишаа договори на 26.000 тони тутун, се очекува род од 18.000 до 19.000 тони тутун.

Од Национална земјоделска мрежа, упатуваат јавно несогласување на измените во Законот за тутун и сродни производи со кои се предлага времено ограничување на увоз на необработен ориентален суров тутун, се до моментот на траење на откупот.

„Упатуваме јавен повик до законодавецот безусловно да се врати старото законско решение за целосна забрана за увоз на необработен ориентален тутун во нашата држава, од причина што тутунот како култура е стратешки производ од битно значење за државата и за тутунопроизводителите. Истовремено е и социоекономска категорија од која директно зависи опстанокот на огромен број семејства“, реагира Ѓорги Каракашев претседател на Националната земјоделска мрежа и бара тутунопроизводителите да бидат вклучени во сите процеси на преговарање, договарање за начинот на производство, откупот и цената на нивниот производ како рамноправен социоекономски партнер согласно Законот за тутун и тутунски производи.

Тутунари на социјалните мрежи коментираат дека измените на Законот за тутун не се во корист на тутунопроизводителите па прашуваат – „Дали во овој период се јави некој од големите откупувачи со реакција дека ќе им се забрани увоз? – не!. Штом молчат откупувачите тогаш се е во нивна полза.“

Христијан Алексоски пак коментира дека се уште има тутун од ланската реколта што не е откупен.

Игор Мирчески, поранешен тутунопроизводител и координатор на новоформираните земјоделски здруженија, коментира дека со ветување за измени на законот за тутун, ВМРО-ДПМНЕ ја побарала и ја добила поддршката од тутунарите и на локалните избори 2021, но и на последните парламентарни избори.

Мирчески смета дека тутунарите повторно ќе бидат излажани – „пренесени жедни преку вода!“, односно ќе се донесат козметички, а не суштински измени.

„Наместо да се воведе целосна забрана на увоз на ситнолистен, необработен тутун, владејачката партија под притисок на откупувачите прави временска забрана од 15 декември до крајот на откупот 28/29 февруари со смешна циркузантска дефиниција- ‘Забраната е се додека не се откупи и последниот лист тутун од домашното производство’, вели Мирчески и додава „Ова наликува на евтин ПР и манипулација за да се добие гласот на оваа категорија на граѓани, која брои околу 20.000 семејства во државата. Жалам, но тутунарите повторно ќе бидат оставени на волјата на откупните компании и нивниот макотрпен труд и понатаму ќе биде потценет и минимално платен“, наведува Мирчески.

Сојузот на земјоделските здруженија, пак, е задоволен од измените и смета дека се штити домашното производство.

„Со ова, прво, го заштитуваме нашето, домашно производство на тутун. Значи, од 16 ноември па до 28 февруари наредната година, додека трае откупот, да не може да се увезе ниту еден килограм тутун. Тоа ни беше најбитно“, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот.

Од МЗШВ велат дека уште од февруари е донесено решението дека се неопходни законските измени за да се подобри прометот, откупот на тутун и да се поддржи одржливото производство. Измените на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи се однесуваат на подобрување на откупот, прометот и контролата на тутунот, забраната за увоз на необработен тутун, тутун сушен на сонце (sun – cured) за време на периодот на откуп на тутун од домашно производство, обврската на откупувачите на тутун за водење евиденции за откупените, увезените и обработените количини на тутун и внес на податоците во информативниот систем за евиденција на тутунското производство, подобрување на условите за обработка на откупениот тутун за откупувачите на тутун.

Другите измени ќе се носат во редовна постапка. Во работната група се претставници од Министерството за земјоделство, од Сојузот на земјоделски здруженија, откупувачите, Министерството за здравство, од Стопанската комора и Царината. Сите заедно ги изготвуваат измените.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шведската диета го освои светот: Губење килограми без гладување
Следна Статија Нови контроли на УЈП: 30 % од контролираните со неправилности, затворени четири субјекти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Бројот на туристи во првата половина од 2025 година е поголем за 13,5% споредено со истиот период лани

Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за  13,5 отсто споредено со истиот период…

August 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Каде ќе се движи градскиот воз? Николоски сподели видео на Фејсбук

„Градскиот воз станува реалност. Отпочна изградбата на првата линија од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода до Нова железничка станица.“…

November 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Брза пруга до Солун, полесна постапка за изградба на хотели се дел од проектите за развој на туризмот по Коридорот 10

Во подготовка сме за градење на брза пруга од Скопје до Солун, на вчерашната седница на Владата усвоена е одлука…

November 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Исплатени околу пет милиони евра субвенции на повеќе од 12 000 лозари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека поддршката за производителите во сите земјоделски гранки продолжува и тоа, како што напомена, е…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?