Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ТРАГЕДИЈА: Македонка се удави на Халкидики
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ТРАГЕДИЈА: Македонка се удави на Халкидики
ХРОНИКА

ТРАГЕДИЈА: Македонка се удави на Халкидики

Објавено August 8, 2025 12:43
Сподели
Сподели

Вчера попладне 75-годишна македонска државјанка била извлечена без знаци на живот на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики, веднаш ѝ била укажана прва помош од екипа на итната медицинска служба, по што била пренесена во болница, но лекарите констатирале смрт.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Македонија) била извадена без знаци на живот од плажата Созополи, во општина Неа Пропонтида“.

По пристигнувањето на возило на брзата помош ѝ била укажана прва помош, а потоа пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што била констатирана смрт.

Дополнително информираа дека во рамките на прелиминарната истрагата било наредено да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.

Ова е четврти случај на давење на македонски државјанин на грчките плажи за оваа сезона. Во изминатите два месеци животот го загубија 20-годишно момче на првиот крак на Халкидики, 77-годишна жена на вториот крак и 80-годишен маж во близина на Кавала.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МО: 24 години од загинувањето на десетмината армиски припадници кај месноста Карпалак
Следна Статија Гувернерот Славески: Со раст од 5 до 6% годишно, Македонија може да го преполови времето за конвергенција со ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор

Скопскиот Основен кривичен суд го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на првоосомниченото лице поврзано…

September 19, 2025
ХРОНИКА

Наместо да застане, прилепчанец ги качил полицајците на хауба

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на…

November 13, 2024
ХРОНИКА

Една година по трагедијата во Кочани: Болката не стивнува, животот се дели на „пред и „потоа“

Една година по најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, Кочани и понатаму живее со сенката на пожарот во дискотеката…

March 16, 2026
ХРОНИКА

По 22 години бегство уапсен „Командант Бреза“, испратен на одлежување 11 години затвор

По распишана потерница од 2003 година, македонските безбедносни служби го уапсија Хамди Бајрамовски, познат како „Командант Бреза“. Бајрамовски беше баран…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?