Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трудовиот инспекторат ги проверува вработувањата во М-НАВ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Трудовиот инспекторат ги проверува вработувањата во М-НАВ
МАКЕДОНИЈА

Трудовиот инспекторат ги проверува вработувањата во М-НАВ

Објавено August 10, 2025 09:28
Сподели
Сподели

По ланскиот упад, во М-НАВ е ангажирана полицијата, но веќе неколку месеци нема чувари од агенција за обезбедување. Безбедноста не е на потребното ниво, вели Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контроли на летање во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Тој открива дека инспекторатот влегол во М-НАВ за да ги провери последните вработувања, откако нивната пријава од Скопје заврши кај инспектори од Кавадарци, а потоа била префрлена во Велес. Со Тасевски разговаравме и за тоа колку е функционална опремата и колку е безбедно да летаме со авион во Северна Македонија.

Господине Тасевски, последната вест од македонската навигација е дека е променет еден од тројцата директори – членовите на Управниот одбор. Имате ли информација како синдикат на што се должи промената?

За оваа информација слушнавме пред два дена. Конкретно немаме подетално зашто дошло до оваа промена. Факт е дека досегашниот директор не покажа некакви резултати од неговата досегашна работа, дали е тоа причината, навистина не би можел да кажам. Си има институции – Надзорен одбор, Владата, коишто би дале поконкретни детали зашто дошло до оваа промена. Поставен е човек којшто веќе еднаш беше директор во оној период после упадот на оние насилниците во контрола на летање, каде што реално одредени работи почнаа да се придвижуваат и се надеваме дека повторно ќе придонесе со неговото работење да може конкретно да почнат да се реализираат голем број на проекти и активности во самата контрола на летање.

Партиските вработувања повторно ја брануваа М-НАВ. Во јули се вработија лица кои важат за блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Вие баравте да се поништат таквите вработувања. Имате ли информација до каде е разврската на овој случај?

Според наши информации, пред неколку дена од Државниот трудов инспекторат биле во Македонска навигација да постапуваат по нашата пријава. Што конкретно до кај се со тие активности, сè уште немаме информација. Знаеме дека имало уште неколку, една или повеќе, сега точно не знам бројка, доаѓање од страна на Трудов инспекторат по претставки, коишто ги поднеле самите кандидати кои од првиот круг, оној првиот оглас, биле одбиени без некакво посебно образложение или посебна причина, да кажам.

Читавме информации дека предметот што вие го покренавте пред Инспекторатот завршил во Кавадарци, па дека архиварката била на одмор, не можело да се оформи предмет. Сега кој го води предметот?

Мојата последна информација е дека предметот од Кавадарци бил префрлен во Велес и дека наводно од таму се испратени луѓе. Сега колку е тоа точно ќе мора навистина Трудов инспекторат да одговори. Дали понатаму отишло од Велес или е во Велес, не би знаел точно.

Повеќе на РСЕ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се запалиле бандера и куќа во Чаир, причина бил кабел преку кој се крадела струја
Следна Статија Секс за паметење: Едно овошје делува подобро и од вијагра!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д

Собранието денеска изгласа законски измени со кои треба да се овозможи забрзана изградба на автопатските делници на коридорите 8 и…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Се светнува Клиничкиот центар

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење…

January 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ги посети повредените од пожарот во Кочани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ги посети повредените од трагичниот пожар во Кочани, каде што во…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија со скок на ранг листата на најмоќните пасоши – сега е на 41. место

Македонскиот пасош е на 41 место на листата на најмоќни пасоши во Светот, покажува ранкингот на сајтот „Henley & Partners“.…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?