Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР со детали: Во вооружената пресметка во Тетово повредени и двајца случајни минувачи, едното е малолетно девојче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР со детали: Во вооружената пресметка во Тетово повредени и двајца случајни минувачи, едното е малолетно девојче
ХРОНИКА

МВР со детали: Во вооружената пресметка во Тетово повредени и двајца случајни минувачи, едното е малолетно девојче

Објавено August 10, 2025 17:34
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со нови детали за вооружената пресметка што го потресе Тетово. Според официјалните информации, инцидентот се случил околу 12:30 часот на крстосницата меѓу улиците Илинденска и Благоја Тоска, кога дошло до пукање помеѓу лица од две возила. За време на пресметката се случила и сообраќајна незгода, по што двете возила го напуштиле местото, едното кон улица 113, а другото во непознат правец.

Од изјави на очевидци, полицијата дознала дека возилото што се упатило кон улица 113 е „Форд Фиеста“ со тетовски регистарски таблички, кои биле одјавени, а возилото е во сопственост на 19-годишен жител на селото Гајре.

На друга локација – крстосницата на улиците Благоја Тоска и 107 полицијата пронашла „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 46-годишен тетовец. Во возилото било пронајдено едно починато лице со прострелни рани од огнено оружје.

Од Клиничката болница во Тетово било пријавено дека се примени три лица со повреди од огнено оружје, меѓу кои и малолетно девојче, кое е задржано на опсервација. Другите двајца, 34-годишен и едно лице со иницијали Р.Т. се пренесени како итни случаи во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Во престрелката бил повреден и 60-годишен пешак, случаен минувач, кој исто така е пренесен во Скопје.

На местото на настанот е формиран тим предводен од дежурен јавен обвинител од ОЈО – Тетово, а увидната екипа на СВР Тетово сè уште работи на терен. Од МВР информираат дека се преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Државниот санитерен и здравствен инспекторат ќе проверува како починала 30-годишната пациентка во тетовската болница
Следна Статија Милошоски: Не може Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, да држи лекции за демократија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ученик – практикант од Охрид паднал од седум метри, газдата не обезбедил заштита

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот П.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение…

September 26, 2025
ХРОНИКА

Маскирани лица со оружје ограбиле обложувалница во Струга

На 16.01.2026 во 23:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во спортска обложувалница во село во струшко, две маскирани…

January 17, 2026
ХРОНИКА

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав. За него вчера беше пријавено дека исчезнал, а апелот масовно…

June 14, 2025
ХРОНИКА

Затруено четиригодишно дете донесено во болница во Куманово

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?