Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи што се пласирани на единствениот пазар на ЕУ, ги информира потрошувачите дека многу популарниот гел за туширање од брендот „Dove“ се повлекува од пазарот.
Серискиот број 4191MBX и баркодот 8711700955775 се означени на гелот за туширање од брендот Dove.
Потрошувачите се предупредени за хемискиот ризик од овој производ, како и дека фактот што многу луѓе го користат претставува дополнителна опасност.
„Според списокот на состојки, производот содржи 2-(4-терт-бутилбензил) пропионалдехид (BMHCA), кој е забранет во козметичките производи. BMHCA може да му наштети на репродуктивниот систем, на здравјето на нероденото дете и да предизвика сензибилизација на кожата“, се вели во соопштението.
Ве потсетуваме дека претходно ве информиравме дека на гелот за туширање за мажи Dove му е забрането да се пушти на пазарот, исто така поради хемискиот ризик.