Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Универзитетот Оксфорд развива вакцина против ебола за справување со епидемијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Универзитетот Оксфорд развива вакцина против ебола за справување со епидемијата
ЗДРАВЈЕ

Универзитетот Оксфорд развива вакцина против ебола за справување со епидемијата

Објавено May 22, 2026 22:31
Сподели
Сподели

Научници од универзитетот Оксфорд развиваат нова вакцина против ебола за справување со епидемијата на оваа болест, која брзо се шири во Демократска Република Конго.

Оксфордската група за вакцини (ОВГ) ја користи истата технологија врз која се засноваше вакцината против Ковид-19 за да развие нова вакцина специфична за сојот на вирусот ебола во сегашната епидемија.

За реткиот вид на ебола што во моментов се шири во Демократска Република Конго (ДРК), познат како Бундибуџо (Bundibugyo), нема докажана вакцина и тој убива 30 до 50 отсто од заразените.

Бундибуџо претходно предизвика само две епидемии – во Уганда во 2007 година, а потоа во ДРК во 2012 година, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Професорката Тереза Ламбе, раководителка на одделот за имунологија на вакцини во ОВГ, изјави: „Мојата надеж е дека оваа епидемија може брзо да се стави под контрола и дека вакцините на крајот нема да бидат потребни“.

– Сепак, нашиот тим и партнерите ќе продолжат да работат за да осигураат дека се достапни потенцијални опции за вакцина доколку бидат потребни. Способноста да се дејствува брзо во вакви ситуации е изградена врз долгогодишно истражување на вакцини и блиска соработка со нашите глобални партнери – додаде таа.

ОВГ претходно тестираше вакцини против ебола како одговор на епидемијата во Западна Африка од 2013 до 2016 година, што придонесе друга вакцина против ебола да биде одобрена од Европската агенција за лекови во 2020 година.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреисус денеска изјави дека здравствената агенција на ОН го оценила ризикот во рамките на ДРК како „многу висок“, бидејќи вирусот „брзо се шири“ во земјата.

Шефот на СЗО соопшти дека во земјата се потврдени 82 случаи, со речиси 750 сомнителни случаи. Тој рече дека има седум потврдени и 177 сомнителни смртни случаи.

Во поширокиот регион ризикот сега се смета за висок, но на меѓународно ниво тој останува низок, според СЗО.

Претходно денеска, Обединетите нации доделија 60 милиони долари од својот Централен фонд за одговор при вонредни состојби за да го забрзаат одговорот во регионот.

САД ветија 23 милиони долари за зајакнување на одговорот и соопштија дека ќе финансираат до 50 клиники за лекување на ебола во погодените региони. Властите на Уганда изјавија дека не се запознаени со какви било центри за лакување што ги основаат САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кој е Виктор Стојанов: Бугарин по професија, има забрана за влез во Македонија
Следна Статија Гимназијата „Никола Карев“ се прости од Адам, Марко и Петар: Ги загубивме момчињата познати по насмевките, шармот и другарувањата со сите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Од први јули три нови лекови против згрутчување на крвта на позитивната листа

Од први јули на позитивната листа на лекови се ставени три нови лекови против згрутчување на крвта, т.н. антикоагулантни лекови,…

July 7, 2026
ЗДРАВЈЕ

Во руралните подрачја недостасуваат 52 матични лекари

Фондот за здравствено осигурување информира дека во руралните подрачја недостасуваат 52 матични лекари. Во моментот од 96 планирани матични лекари…

October 3, 2025
ЗДРАВЈЕ

Будни сте до доцна: Недостатокот на сон е активатор на бројни хронични болести

Сонот го зајакнува имунолошкиот систем, но денес повеќе од една третина од возрасните лица не успеваат да ги отспијат препорачаните…

August 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Дума: Испраќањето мозоци не беше за профит туку за научна соработка

Македонија е спомната како една од земјите што учествувале во меѓународно научно истражување во рамки на кое била формирана банка…

February 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?