Германски компании лани во Русија испорачале над 300 машини за производство на воена опрема

Германија во 2023 година испорачала повеќе од 300 машини коишто може да се користат за производство на воена опрема во Русија, објавува германската телевизиска компанија „SWR“.

Според германскиот медиум, во приближно 2/3 од случаите опремата од Германија доаѓа во Русија преку турски посредници. Некои од овие добавувачи се директно поврзани со Москва, а некои дури и се покажале дека се руски претприемачи.

Можно било да се идентификуваат повеќе од 30 германски производители чии машини се увезени во Русија. Меѓу нив се „Walter Maschinenbau“, „Vollmer“, „Fein GmbH“ и „Heller“.

Сепак, како што објавува германскиот медиум, компаниите изјавиле дека ги почитуваат правилата за санкции и не можат да објаснат како нивната опрема завршила во Русија.

Сподели ја оваа статија