Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 270 килограми кокаин во вредност од најмалку 5,5 милиони евра откриени на пристаништето во Солун
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Над 270 килограми кокаин во вредност од најмалку 5,5 милиони евра откриени на пристаништето во Солун
БАЛКАН

Над 270 килограми кокаин во вредност од најмалку 5,5 милиони евра откриени на пристаништето во Солун

Објавено August 11, 2025 10:16
Сподели
Сподели

Во контејнер со пратка од Латинска Америка што пристигнала на пристаништето во Солун, грчката полиција открила 271 килограм и 150 грама кокаин, што се проценува дека е во вредност од над 5,5 милиони евра, а уапсени се три лица членови на криминална организација со меѓународен карактер, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека криминалната организација била разбиена по искористените информации добиени од Националната агенција за борба со криминал на Обединетото Кралство, „во врска со транспортот и увоз по морски пат од земја од Латинска Америка на контејнер со голема количина кокаин на солунското пристаниште“.

Во средата била спроведена голема операција и бил пронајден контејнерот во кој во специјален дел била скриена дрогата, а членовите на криминалната организација биле уапсени во саботата во атинско предградие.

Тројцата уапсени на возраст меѓу 32 и 47- годишна возраст имале посебни улоги во увозот и трговијата со дрогата

-Нелегалната финансиска корист на членовите на организацијата од продажбата на запленетата количина кокаин се проценува на повеќе од 5.500.000 евра, соопштија од грчката полиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендери, Град Скопје за првпат не e на врвот на листата
Следна Статија „Мајко силна“ на Александар Тарабунов нова песна од проектот „Македонијо, во срце те носиме“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Додик остана без дипломатски пасош

Откако Милорад Додик одби да го исполни барањето на Министерството за надворешни работи на БиХ за враќање на дипломатскиот пасош,…

September 3, 2025
БАЛКАН

ВЈТ Белград: Приведени осуммина, подготовувале напади врз државни институции

Во заедничка акција на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на МВР на Србија и на Безбедносно-информативната агенција денеска се…

June 30, 2025
БАЛКАН

Словенците забранија слетување на израелски авион

Авион на израелската авиокомпанија „Исреир“, кој требаше да слета во Љубљана, беше пренасочен кон Загреб откако словенечките власти одбија да…

June 3, 2026
БАЛКАН

Најмалку единаесет мртви во пожар во дом за стари лица во Тузла

Најмалку единаесет жители загинаа во пожар во општинскиот Пензионерски дом во босанскиот град Тузла, како што објави босанскиот новински портал…

November 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?